Денес во 12:55 часот во ТППЕ Гевгелија беше пријавен пожар на улица „Изворска“ во центарот на Богданци каде горел помошен објект од семејна куќа.
На терен веднаш се упати екипа на ТППЕ Гевгелија со две противпожарни возила и 4-ца пожарникари. Интервенцијата беше отежната поради непристапноста во тесната уличка за големото ПП возило на Гевгелиската пожарна единица. Сепак среќна околност било што на улицата „Изворска“ од неодамна биле поставени хидранти со кои се овозможил дотур на вода до опожарениот објект.
– „Во текот на акцијата беа употребени 12 противпожарни црева за да стигне водениот млаз до разгорениот оган“, изјавија од ТППЕ Гевгелија.

Акцијата заврши после 2 часа и 20 минути со целосно гаснење на пожарот, ликвидација на огнот и враќање на екипата ТППЕ Гевгелија во својата базна станица.
Во пожарот целосно изгоре помошна просторија од куќа на ул.„Изворска“ која била користена за летна кујна, котел за парно, соларна и друго. Причините за настанување на пожарот не се утврдени. Иако на терен пристапиле на помош и многу комшии огнот бил побрз од нив во огнениот пир, зафаќајќи ја и кровната конструкција на објектот.

Акцијата на пожарникарите го сузбиле целосно огнот не дозволувајќи да се прошири на околните објекти, куќата, имотот и домовите на комшиите, или подалеку.


Причинета е голема материјална штета на имателот и сопственик на објекот.



















