петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Во Дојранска Мрдаја имало населба пред три и пол милениуми

Животот крај Дојранското Езеро во бронзеното време започнал порано отколку што досега се претпоставуваше, пред 3.500 години пред нашата ера

септември 22, 2026
in ФОКУС
Во Дојранска Мрдаја имало населба пред три и пол милениуми
0
SHARES
223
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Праисториската наколна населба Мрдаја кај Стар Дојран можеби е значително постара отколку што досега се сметаше. Новите археолошки истражувања укажуваат дека животот на локалитетот започнал уште во средното бронзено време, во првата половина на вториот милениум пред нашата ера – повеќе од 3.500 години од денес.

Досегашните сознанија ја сместуваа населбата главно во доцното бронзено време и во преодниот период кон железното време. Истражувањата од претходните години ја датираа Мрдаја приближно во периодот од 13 до 11 век пред нашата ера, но новите наоди ја поместуваат хронологијата неколку века наназад.

Related posts

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026
Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

ноември 19, 2026

Годинашните истражувања ги спроведува НУ „Завод и музеј – Струмица“, под раководство на археологот Зоран Рујак, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Тимот се обидува попрецизно да ги утврди големината на населбата, нејзината организација и периодот во кој луѓето живееле на брегот и над водите на Дојранското Езеро.

Според информациите од Заводот и музеј – Струмица, уште на почетокот на новата кампања биле пронајдени археолошки показатели што упатуваат на живот во населбата уште во средното бронзено време. Тоа значи дека Мрдаја не била населена само во доцната фаза на бронзеното време, како што покажуваа претходните истражувања.

Најден бронзено орудие на локалитетот Мрдаја

Наколната населба била изградена со дрвени конструкции и платформи поставени над или непосредно покрај езерото. Претходните истражувања открија дрвени колци, керамика, бронзени предмети и садови за складирање храна, што овозможува реконструкција на секојдневниот живот на заедницата. Истражувањата на Мрдаја се документирани уште од 2012 година, кога започнаа заштитните археолошки ископувања на локалитетот.

Меѓу позначајните претходни откритија е и фрагмент од керамички сад со претстава на сонце, датиран пред повеќе од 3.200 години. Археолозите го оценија како редок пример на богато украсена керамика од доцното бронзено време.

Новите истражувања носат сознанија и за контактите што жителите на Мрдаја ги имале со други населби. Одредени предмети и карактеристики на материјалната култура се поврзуваат со бронзенодобната населба кај Цареви Кули во Струмица, што според археолозите укажува на пошироки контакти и размена меѓу тогашните заедници.

Значењето на Мрдаја не е само во староста на локалитетот. Наколните населби се релативно редок тип праисториски населби во Македонија, а остатоците во Дојран овозможуваат истражување на начинот на кој луѓето се приспособувале на живот непосредно до езерото.

Паралелно со ископувањата се подготвува и Основен проект за Музеј на вода во Дојранското Езеро. Министерството за култура и туризам уште во 2025 година најави реконструкција на дел од праисториската наколна населба како музеј на отворено, а според најновите информации изработката на проектот е во тек.

Замислата е археолошкиот локалитет да биде претставен преку реконструирани наколни објекти и изложбен простор над езерото, со што Мрдаја би добила и туристичка и едукативна функција.

Истражувањата се реализираат со учество на археолошки тим од НУ Завод и музеј, Струмица, предводени од м-р Зоран Рујак, археолог советник кустос, а се поддржани од Министерството за култура и туризам на РМакедонија.

Годинашната кампања е насочена кон истражување на праисториската наколна населба на брегот на Дојранското Езеро.
Особено внимание се посветува на истражувањето на содржините и просторните габарити на населбата, како и на временската рамка во која се одвивал животот во неа.

М-р Зоран Рујак, археолог советник кустос на локалитетот во Мрдаја

Заедно со неолитската населба на локалитетот Споменикот-Атици, кај Црничани, праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран продолжува да биде место каде што археологијата се среќава со богатото културно наследство на Дојран и Југоисточниот Регион на Република Македонија.

Покрај археолошките истражувања на праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран, во тек е и изработка на Основен проект за Музеј на вода, во водите на Дојранското Езеро. Со изградбата на музеот, граѓаните ќе имаат единствена можност да се запознаат со содржините и карактерот на наколната населба, како и со археолошкиот материјал, произлезен од истражувањата на праисториската населба.

Со неговотата изградба, Дојран ќе прерасне во значаен пункт за развој на културниот туризам во државата, најавуваат од НУ „Завод и Музеј“ Струмица.

Мрдаја, Стар Дојран

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Гевгелиското с.Богородица го одбележа денот на својата заштитничка – Богородица

Next Post

Тешка сообраќајна несреќа кај Стојаково

Next Post
Тешка сообраќајна несреќа кај Стојаково

Тешка сообраќајна несреќа кај Стојаково

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд

3 години ago
По масакрот во Белград: Мајката на Коста може да заврши во затвор

По масакрот во Белград: Мајката на Коста може да заврши во затвор

3 години ago
Предечерие на Петковден, во чест на Преподобна Параскева

Предечерие на Петковден, во чест на Преподобна Параскева

2 години ago
Победнички пехар за „Кожуф“ Гевгелија на турнир во Грција

Победнички пехар за „Кожуф“ Гевгелија на турнир во Грција

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија
  • Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist