Гевгелиското село на крајниот југ на Македонија што го носи името на Мајката Божја во недела вечерта со Свечена црковна литургија го започна одбележувањето на денот на својата закрилница, Богородица.
🔔 Црковното ѕвоно го означи почетокот на празничните чествувања, точно во 18:00 часот. Пред влезот на црквата се миросуваа чистите христијански души од страна на свештениците Љупчо Миланов и Влатко Бојков од Гевгелиската Парохија, се носеа празнични колачи за здравје и благослов, се палеа свеќи за повикување на милоста на Богоротката Марија.
Во црковниот двор се послужи свечена вечера за сите славеници, жителите на Богородица и милите гости. Имаше порција за сите почитувачи на празникот.

Заслужни за приготвување на празничната трпеза е екипата во состав: Дејан Делиџаков главен кувар и помошниците Марјан Бегов, Костадин Танов, Бошко Попов, Иван Јанев, Дине Узунчев, Роберт Ризов и Јован Узунчев. Тие заедно приготвија јагнешки гулаш во пет арании од по 50 килограми. Значи имаше 250 килограми храна за целото село, за гостите кои ја посетија црквата „Рождество Богородично“, за намерниците кои се приклучија на празничните чествувања на селото кое Богородица го чува и пази од несреќи и болести.
Во понеделник чествувањата продолжуваат со Утринска Богослужба и Света Литургија во чест на Мајката Божја, Богородица.
Среќен пазник Богорочани!
Нека е напомош денот, да е за многу години милоста на Богородица🙏💒



















