Гевгелискиот атлетичар кој ја претставува Македонија на Балканското атлетско Првенство за ветерани во Крајова, Романија, Влатко Семенаков денес настапи на трката од 1.500 метри и освои ТРЕТО МЕСТО, се искачи на подиум меѓу најбрзите тројца на Балканот и се закити со БРОНЗЕН МЕДАЛ.
Семенаков трасата од 1500 метри ја истрча за време од 4:37:41 минути со просечен пејс од 03:05 и освои подиум, меѓу ТОП-3 на БАЛКАНОТ!

- „Вчера за некоја стотинка ми избега бронзениот медал, но денес повеќе од заслужено на моите гради 🙏 Фантастична трка на 1.500 метри со одлична тактика од прв до последен метар.
На сето тоа страшен финиш во последни 200 метри и најдоброто беше на крајот“ – изјави Влатко за својот успех на последниот ден од 35-то Балканско мастерс Првенство во атлетика во Романија.

Ова е ШЕСТИ БАЛКАНСКИ медал за Влатко на атлетските патеки. Минатата година тој освои ВТОРО место во дисциплината „трка на 800 метри М40+“ и беше за 2 секунди поспор од годинава. Лани ја истрча патеката за 2:17:36 минути, а годинава го подобри времето за 2 секунди, истрча за време од 2:15:55 минути, но му промакна медалот за неколку стотинки од третопласираниот.
Семенаков веќе две години по ред настапува на Балкански првенства, два пати годишно, на отворен и затворен терен. Првата година во Белград освои едно прво и едно трето место, потоа во Хрватска освојува второ место, Словенија освои едно прво и едно трето место и годинава во Романија едно трето место. Вкупно 6 Балкански медали во М40+ мастерс категорија.
Како и да е професорот по спорт од Гевгелија се враќа од Романија во Македонија со нов МЕДАЛ во мастерс категорија М40+.
Браво Влатко, ти си инспирација!





















