Трето учество и ТРЕТА ПОБЕДА на гевгелискиот атлетичар Епов Насе на трката во Неа Месимврија во Грција.
Тој денеска истрча траса од 7 километри во ридски предел, значи неконвеционална атлетска патека, а истата ја совлада за време од 25 минути и 37 секунди.
Епов е познат учесник на оваа трка бидејќи се има искачено на победничкиот подиум во Неа Месимврија и 2025 и 2024 година.
Трката „3-от круг во Неа Месимверија“ („3ος Γύρος Νέας Μεσημβρίας“) годинава се одржува по трет пат и станува традиционална, но денеска имаше и комеморативен карактер со одбележувањата на 100 годишнината од основањето на местото, малото градче Неа Месимврија во Грција. Тркачката патека на атлетскиот настан годинава поминуваше низ 7 (седум) историски точки на градот.
Неа Месимврија е град кој се наоѓа северозападно од Солун и е дел од општина Халкидони. Порано административно припаѓал на општината Свети Атанасиос, Солун. Жителите се потомци на иселениците од Источна Румелија поради суровиот прогон и уништување од страна на Бугарите и се населиле во Македонија каде што ја создале Неа Месимврија.
За победата на Епов честитки упати лично и организациониот тим, преку Костас Албанидис, кој изјави:
– „Ви благодарам многу Епов Насе за вашето учество на 3-тото коло на Неа Месимврија. Насмеани, разговаравте со децата, ги поздравивте и аплаудиравте сите што учествуваа во трката. Честитки за победата, ве очекуваме следната година!“

Епов беше единствен македонски атлетичар на денешната трка во Грција. Тој е поранешен член на АК „7 Ноември“ Гевгелија, а денеска ги бранеше боите на Атлетскиот Клуб „Олимп“ од Битола, чиј член стана официјално во февруари 2026.
Важно, три години по ред трофеите од Неа Месимврија ги освојува гевгеличанец од југот на Македонија, НАСЕ ЕПОВ!





















