Нашиот сограѓанин Никола Пеев од Стојаково од 8 до 10 мај учествува на пара атлетското првенство „СРБИЈА ОПЕН 2026″ што се одржува во Крушевац.
Тој е дел од четиричлената репрезентација на Македонија во параатлетика по избор на Македонскиот Параолимписки Комитет, по покажаните спортски резултати од одржаните општински и регионални натпревари во параатлетика во државата.
Никола се натпреварува во три атлетски дисциплини, фрлање копје, диск и ѓуле во кои дисциплини изминативе 10 години има остварено бројни победи, освоени подиуми, медали и второ место на минатогодишниот Балкански атлетски митинг одржан во Србија. Минатата година Никола беше трократен шампион во фрлање диск, ѓуле и копје на одржаните 37-ми Републички спортски игри за лица со телесен инвалидитет.
За годинашниот спортски предизвик Никола се подготвуваше со спортскиот тренер Тодор Анчев, познат атлетичар, и професор по спорт.

На првенството учествуваат нафпреварувачи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија и Македонија.
Селекторот од Македонскиот Параолимписки Комитет, Крсто Серафимовски за овој натпревар ги селектираше: Елена Давидовска класа Ф56, Никола Пеев класа Ф36, Златко Арсовски класа Ф55 и Дарко Спирковски класа Ф 44.

Посакуваме успех за сите и нова медаља за минатогодишниот Балкански параолимписки Вицешампион Никола Пеев од Стојаково, член на „Мобилност“ Гевгелија.




















