петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Максим Ангов – атлетско чудо од Југот!

Доаѓа нов атлетски динамит од Југот на Македонија, Максим Ангов, седмоодделенец од Богданци кој истрча 10 км во сениорска конкуренција, мажи

мај 10, 2026
in СПОРТ
Максим Ангов – атлетско чудо од Југот!
0
SHARES
497
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Доаѓа нов атлетски динамит од Југот на Македонија, Максим Ангов, седмоодделенец од Богданци.
Веќе четврта година како тренира атлетика и е редовен освојувач на подиуми и медали од трките во Македонија и регионот во детска конкуренција.

Денеска за прв пат истрча трка од 10 километри во Скопје на „Скопје трча / Халк еко“ и постигна време од 40 минути и 28 секунди. Ова е извонредно време за еден 12 годишник каков што е Максим. Овие 40 минути на трасата го позиционираа на 62-то место меѓу 1151 учесника на трката „Скопје трча“ во сениорска конкуренција мажи.

Related posts

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

Филип, Мелани, Матеј – Најмалите тркачки херои на „November Run“

ноември 16, 2026
РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

РЕЗУЛТАТИ од „November Run“ на трките од 5 и 10 километри

ноември 16, 2026

Познатиот атлетски тренер Игор МЦ Јакимовски е пријатно изненаден од неверојатниот резултат на Максим:

  • „Дете на 12 години возраст издржа на просечен пејс од 04.03 км/мин и тоа на денешниот скопски пекол ден. Н Е В Е Р О Ј А Т Н О ! Пред само десетина дена со неговиот татко го опремивме да трча со најбрзата „Асикс роуд“ патика и не згрешивме бидејќи денес тој пак нас не’ награди со овој фантастичен резултат. Бидете сигурни во едно… Гевгелија и АК „7ми Ноември“ ги има најголемите таленти во атлетиката на средни и долги патеки од основните училишта.
    Браво Максим, браво АК „7ми Ноември“ – напиша познатиот Игор МЦ Јакимовски, кој е тренер на македонскиот Олимпиец Дарио Ивановски.
Максим со тренерот Игор МЦ Јакимовски со освоените финишер медали од „Скопје трча/халк еко“

Максим Ангов е 12 годишник од Богданци, член на АК „7 Ноември“ од Гевгелија. Со својот тренер Тодор Анчев работеше една година самостојно, а продолжи како член на „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ Гевгелија каде тренери се Влатко Семенаков и Тодор Анчев, професори по спорт и самите активни атлетичари и тренери.

Максим веќе две години по ред изненадува на трасите од 5 километри каде се натпреварува во сениорска конкуренција за мажи, што не е категорија за деца. Се приближуваше секогаш меѓу првите 5-мина, или првите 10-торица. 10 километарскиот предизвик кој го истрча денеска е најава дека ова дете, атлетски динамит од Југот, се спрема да ја премине физичката граница од деца во сениорска конкуренција пред да ја премине возрасната граница за подолгите трки.

Максим, атлетското чудо од Југот, уште расте, напредува, трча и се спрема за нови победи. Браво Максиме!!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Епов Насе – ПОБЕДНИК на трка во Грција

Next Post

ВТОРО место за Мелани Вацев на Интернационален танцов натпревар во Струмица

Next Post
ВТОРО место за Мелани Вацев на Интернационален танцов натпревар во Струмица

ВТОРО место за Мелани Вацев на Интернационален танцов натпревар во Струмица

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Најголемиот хит на АББА отстапен за хуманитарни цели

Најголемиот хит на АББА отстапен за хуманитарни цели

4 години ago
Гевгелиското Здружение на слепи лица го одбележа Меѓународниот ден на „белиот стап“

Гевгелиското Здружение на слепи лица го одбележа Меѓународниот ден на „белиот стап“

1 година ago
Запалени автомобили на еден Македонец и двајца Срби во Грција

Запалени автомобили на еден Македонец и двајца Срби во Грција

3 години ago
Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија
  • Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist