петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Гевгелиското Здружение на слепи лица го одбележа Меѓународниот ден на „белиот стап“

Со предавање за „Домашната кујна во Македонија“ одбележан Меѓународниот ден на слепите лица во Гевгелија, а следуваат и други активности во текот на неделата

октомври 15, 2025
in ФОКУС
Гевгелиското Здружение на слепи лица го одбележа Меѓународниот ден на „белиот стап“
0
SHARES
139
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со предавање за „Домашната кујна во Македонија“ одбележан Меѓународниот ден на слепите лица во Гевгелија.
Предавч на темата беше Ана Камчева, професорка по готвење од угостителската струка при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.

Таа низ своето предавање „прошета“ низ регините во Макеонија и старите кулинaрски традиционални јадења, некои одомаќинети и од времето на Отоманското царство.

Related posts

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026
Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

ноември 19, 2026

Учесници на предавањето беа 20-на членови на Здружението на слепи и сабовидни лица од Гевгелија кои освен експликацијата имаа прилика и да вкусат од традиционалните домашни рецепти од македонската кујна – беа послужени со сутлијаш, сладок десерт подготвен со ориз, вода и млеко, а датира уште од отоманско време на овие простори кај нас.

Настанот се одржа во угостителската сала при средното училиште во Гевгелија, а сутлијашот како изненадување за славениците – по повод Меѓународниот ден на белиот стап, го приготвија учениците од Угостителската струка од истото училиште.

Денеска делегација на Здружението на слепи од Гевгелија беа на средба со заменикот министер за труд и социјала во специјалното училиште „Даре Џамбаз“ во Скопје за да ги застапуваат правата и потребите на слепите лица и нивна видливост во системот и во секојдневниот живот.
На средбата присуствуваа Елена Проданова, претседателка на Здружението на слепи и слабовидни лица од Гевгелија, Лазе Трајков, поранешен претседател и истакнат член на ЗСЛ од Гевгелија, Миле Солаков од Богданци и Татјана Стојановска од Миравци.

Одбележувањата на Меѓународниот ден на слепите лица и „белиот стап“ продолжуваат и на 18 октомври со организирање на манифестацијата „Вешта жена“ каде членовите на ЗСЛ ќе изложуваат свои изработки, јадења, колачи подготвени од нив и ќе се слави трудот и вештината на овие луѓе кои и во светот на темнината знаат да творат.


Мотото на нивните активности е „Видливи сме“ како луѓе, како поединци, како индивидуи, како лица со свои идеи и потреби и не треба да бидат заборавени, ниту маргинализирани од општството.

Минатиот месец Здружението на слепи лица подели 15 „бели стапови“ на свои членови како помагало за движење и ориентација во просторот.

Здружението на слепи лица во Гевгелија брои 40 лица заедно со членовите кои се слабовидни, а опфатот на членството е од општините Гевгелија, Богданци и Дојран. На ниво на држава постојат околу 2.500 слепи и слабовидни лица.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Пронајдена неексплодирана граната во Гевгелија

Next Post

ВИДЕО: Нова песна и спот на Astra Band „Свадба да направиме“

Next Post
ВИДЕО: Нова песна и спот на Astra Band „Свадба да направиме“

ВИДЕО: Нова песна и спот на Astra Band „Свадба да направиме“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Интервју со Тоше Стојанов – Претседател на Регионална занаетчиска Комора Гевгелија

Интервју со Тоше Стојанов – Претседател на Регионална занаетчиска Комора Гевгелија

1 година ago
Поголема плата за 78% стаса и за градоначалникот на Гевгелија

Поголема плата за 78% стаса и за градоначалникот на Гевгелија

3 години ago
Генералка викенд во Дојран

Генералка викенд во Дојран

4 години ago
Превртено возило на патот Валандово-Дојран

Превртено возило на патот Валандово-Дојран

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија
  • Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist