Денес, (среда) 19.11.2025 година во 08.00 часот, на патот Валандово-Дојран, ТППЕ Гевгелија учествуваше во извлекување на лица од превртено и излетено од патот товарно моторно возило. Во акцијата учествуваше и тим на ТППЕ Струмица со едно ПП возило и тим од Пожарна Валандово.
Во акцијата биле извлечени 13 лица, сите мигранти. Товарното возило со српски регистарски ознаки превезувал тешки котури хартија, веројатно се излизгал од патот поради мокриот коловоз. Во акцијата нема повредени лица.

- „Во текот на извлекувањето користени се 2 булдожера, еден кран, алат за спасување при сообраќајни несреќи и други пропратни средства. Во просторот се чувствуваше мирис на истечена нафта, но не настана пожар поради брзата и солидна акција на противпожарните екипи“ – изјави за GevgeijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов кој раководеше со денешната акција.

Сообраќајот во правец Валандово- Дојран, во близина на селата Ѓопчели и Црничани беше регулиран со помош на сообраќајната полиција и се одвиваше само во една сообраќајна лента. Патот е расчистен околу 10 часот.
Засега нема најава за причината на несреќата.
Предупредување од ТППЕ Гевгелија:
🚨Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193.



















