Вјесниковиот облакодер во Загреб, некогашно седиште на најмоќната новинско-издавачка куќа во регионот со речиси 6000 вработени, изгоре во пожар.
Огнот изби синоќа 17 ноември околу 23 часот и бргу се прошири кон врвот на зградата зафаќајќи повеќе катови и покривот. Во гаснењето беа вклучени многу пожарникари, техничка опрема, а причината на пожарот до сега не е откриена.
Облакодерот Вјесник, познат и како Чоколаден облакодер поради неговото рефлектирачко портокалово-кафеаво стакло, е изграден во 1972 година и денес е еден од најпознатите симболи на Загреб. Се наоѓа на една од најпрометните раскрсници во градот, а неговиот дизајн е инспириран од Левер Хаус во Њујорк. По години дискусии за рушење поради застареност, беа направени планови за негова обнова.
Наместо обнова синоќа пожарот го направи своето „недело“ врз облакодерот.
Пожарникарите интервенираат во гаснењето цел ден:
После 14 часови борба со пожарот во облакодерот Весник се уште се издига чад и пламен:
Надлежните велат дека штетата е катастрофална.




















