Рускиот падобранец и екстремен спортист Сергеј Бојцов постави нов светски рекорд, скокајќи од топловоздушен балон од височина од 11.551 метар.
Бојцов скокнал над Алтајскиот крај, од височина на границата со стратосферата, при температура од околу -59 степени Целзиусови. За време на слободниот пад кој траел две и пол муинути Бојцов достигнал брзина од 503 километри на час.
Со овој подвиг тој го собори досегашниот рекорд на полски екстремни спортисти, кои скокнале од височина од 10.060 метри.
За рекордниот скок Бојцов минал специјални подготовки, меѓу кои тестирања во барокомора во рускиот Центар за подготовка на космонаути и тренинзи во услови на екстремно ниски температури.
Целиот лет на Бојцов траел 7 минути и 19 секунди, а во проектот биле вклучени 100 специјалисти, меѓу кои инженери, пилоти и технички експерти.
Бојцов е познат по своите екстремни потфати. На 1 декември 2025 година овој фитнес инфлуенсер Бојцов постави нов светски рекорд играјќи го првиот фудбалски натпревар во светот на платформа прикачена на балон на топол воздух што лета на надморска височина од 1.800 метри. Спортистот е познат по тоа што поставува рекорди играјќи разни спортови на голема надморска височина.




















