Пред влезот во с.Мрзенци, гевгелиско, на патот „Гевгелија-Негорци деновиве е поставен метален столб со камери кои се усмерени да го „следат“ движењето на возилата во правец кон Негорци, но и во обратен правец од Негорци кон Гевгелија.
Нашиот репортер беше на терен и во еден миг забележа и зајдисонце над Кожуф и „Safe City“.
Сонцето и денеска го направи својот дневен лак долг 9h и 35min и пред 16 часот поита да се вгнезди зад планинските сртови на Кожуф. Последните зраци што ги упатуваше кон Гевгелија ги уловивме со објективот, а дали ги уловија и новите камери поставени на патот Гевгелија-Мрзенци-Негорци од системот безбеден град „Safe City“ не знаеме. Нема најава од надлежните институции дека овој систем на безбедност почнал да функционира и во општина Гевгелија. Дали е системог веќе “ON” и во Гевгелија!?
Во секој случај – Возете внимателно и според прописите, а може и да се насмевнете на камерата ако се’ е во ред.
Видеото подолу е снимка од патот кон Негорци пред раскрсницата за влез во Мрзенци.




















