Изборот за Мис Универзум оваа година донесе историски момент. Круната ја освои 27-годишната Џенифер Барето од Порторико, која стана првата мајка во 75-годишната историја на овие натпревари којa ја доби престижната титула.
Финалето на еден од најпознатите светски избори за убавина се одржа на 24 ноември во Сан Хуан, Порторико, а победничката имаше можност да слави пред домашната публика. Џенифер Барето е психолог и социјален работник, а во приватниот живот има уште една важна улога – мајка е на девојчето Пенелопе. Нејзиниот успех има посебно значење со оглед на тоа што мајките и жените во брак до неодамна не смееја да се натпреваруваат за титулата Мис Универзум.
Мајчинството повеќе не е пречка за освојување на круна
Организацијата Мис Универзум во 2022 година донесе одлука за промена на долгогодишните правила, со која од 2023 година се овозможува учество на жените во брак и мајките.
Колку натпреварот се променил во последните години, покажуваат и податоците кои за време на финалната вечер ги соопштија водителите. Како што пренесува магазинот People, меѓу овогодинешните натпреварувачки имало десет мајки, пет лекари и 22 жени со магистерски степен.
Има двe магистерски титули, а оваа година првпат зачекорила на модната писта
Нова Мис Универзум е исто така и првата омажена жена која ја освоила оваа титула. Мајка на седумгодишната Пенелопе има два магистерски титули, по психологија и клиничка социјална работа, а за време на својата професионална кариера се занимавала со превенција на семејно насилство, заштита на децата и давање поддршка на семејствата на припадници на американската војска.

Се занимава и со волонтерска работа – пружа поддршка на деца заболени од дијабетес и нивните семејства.
Особено е интересно што Џенифер до неодамна немаше никакво искуство на избори за убавина. Подготовките за натпреварот ги започна во 2025 година, а во јуни оваа година ја освои титулата Мис Универзум Порторико. Само неколку месеци подоцна ја стави и светската круна.
Уникатна кариера полна со емпатија, познавања и стручност, волонтерка, мајка, … личните амбиции и достигнувања ја искачија оваа млада жена на тронот на убавината.
За прва придружничка беше прогласена претставничката на Доминиканската Република, Мелиса Нуњез, а за втора претставничката на Венецуела, Клара Вегас Гоец. Меѓу петте најдобри се пласираа и претставничките на Филипините и Нов Зеланд.
Погледнете уште некои од фотографии од убавицата на универзумот:






















