Владата на Република Македонија донесе одлука за парична награда на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, која ќе добие вкупно три милиони денари за освоеното прво место и златен медал на Европското Првенство – Б дивизија што се одржа во Скопје.
Нашите јуниорски репрезентативци имаа осум натпревари на ЕП и остварија осум победи , 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, „Б дивизија“ и ЗЛАТЕН медал.
– „Златните кошаркари“ во текот на вчерашниот ден беа примени од Премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за Спорт, Борко Ристовски, за денеска да биде донесена одлуката за парична награда за оваа национална селекција“ – соопштуваат од владиниот кабинет.
- „Оваа златна генерација донесе осум победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.