На денешен ден 18 август 1943 година е формиран Првиот баталјон „Мирче Ацев“ во екот на Народноослободителната војна, на славната Славеј планина, на првата Слободна територија ДЕБРЦА, Охридско.
Овој ден по осамостојувањето на Македонија е востановен како официјален ден на Армијата на Република Македонија.
Антифашистичкиот отпор започнал на 11 октомври 1941 година, со појавата на македонските партизански одреди кои, во текот на војната, прераснале во Народноослободителна Војска на Македонија.
Батљонот „Мирче Ацев“ е Прв баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ — прва регуларна воена единицица на НОВ и ПОМ. Броел 200 борци. Извршил бројни напади, диверзии, учествувал во разоружувањето на на италијанскиот гарнизон во Кичево, ја создал првата слободна територија, па се припоил во Првата НО Ударна бригада на Македонија.
Честит Ден на сите припадници на Армијата на Република Македонија!
Вечен спомен за сите борци кои ги имала нашата Македонија!
ФОТО: Славеј планина, спомен обележје на борците, стожери на СЛОБОДАТА