петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Васко Саздовски е македонскиот граѓанин меѓу загинатите во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал и Васко Саздовски од Македонија, иноватор, спортист, планинар, сопруг и татко на две деца

ноември 2, 2024
in MАКЕДОНИЈА, БАЛКАН, Балкан
Васко Саздовски е македонскиот граѓанин меѓу загинатите во Нови Сад
0
SHARES
625
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал и Васко Саздовски од Македонија.

Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.

Related posts

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

јули 1, 2025

Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите , изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист. Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно.

Овa е еден од постовите на Фејсбук во кој се опишува исклучителната личност на Васко Саздовски (45), Македонецот, кој вчера го загуви животот во несреќата во Нови Сад.

Негови блиски велат дека Васко бил човек, кој Македонија не знаеше да го почитува и препознае неговото знаење, па затоа заминал во Нови Сад да работи како професор во Институт „Биосенс“, се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството и повремено доагал во Македонија. Бидејќи бил иноватор, Васко најблиските го викале „Васко научникот“.

Васко измислил робот, бил првенец на генерација, работел на сензорски технологии. Не само што бил иноватор, туку и спортист и вљубеник во планинарството. По потекло бил од Свети Николе, но со сопругата и двете синчиња живеел во Скопје.

Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.

Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Втор Интернационален карате турнир во Дојрaн

Next Post

Стоилко Стоичев од Дојран искачи два врва на Хималаите за два дена

Next Post
Стоилко Стоичев од Дојран искачи два врва на Хималаите за два дена

Стоилко Стоичев од Дојран искачи два врва на Хималаите за два дена

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Гевгелија денеска – СОНЧЕВО и РАБОТНО

ВИДЕО: Гевгелија денеска – СОНЧЕВО и РАБОТНО

1 година ago
Васко Саздовски е македонскиот граѓанин меѓу загинатите во Нови Сад

Васко Саздовски е македонскиот граѓанин меѓу загинатите во Нови Сад

8 месеци ago
Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”

Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”

1 година ago
Вечерва после полноќ два пати стресе земјотрес во Гевгелија, еднаш во Скопје

Вечерва после полноќ два пати стресе земјотрес во Гевгелија, еднаш во Скопје

7 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist