Вчера попладне од страна на граничната полиција „Богородица“ приведен е грчки државјанин кој нелегално влегол на територијата на Македонија.
Настанот е евидентиран на 10.11.2024 во 17:33 часот на место викано „Живинарска фарма“ во Гевгелија, каде полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле К.Х.(33) од Република Грција.
Претходно, тој бил забележан како со патничко возило „Нисан Навара“ со грчки национални ознаки нелегално, на необележан граничен премин, влегол во Република Северна Македонија.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.