сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Производители на ракија од Богданци освоија 17 медали за квалитет на меѓународен натпревар

Првото место и Голем Златен медал за лозора ракија постара од три години освои Коста Стратров од Богданци, Костадин Воданов освои три медали, Димитар Франгов два - богданчани горди на своите традиции кои го чуваат и негуваат квалитетот на домашните преработки од поднебјето на плодниот југ

ноември 19, 2024
in ФОКУС
Производители на ракија од Богданци освоија 17 медали за квалитет на меѓународен натпревар
0
SHARES
443
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Најпознатиот винарски и ракијарски регион во Македонија, Тиквешијата, и годинава по втор пат го организираше Меѓународниот натпревар во оценување на ракија “Тиквешка Ракијада-2024”, со интенција истиот да прерасне во традиционален.

Предизвик за учество имаа и производителите на ракија од југот, познавачите на добрата капка, природни состојќи одгледани под сонцето на југот и моментот кога дестилатот ќе достигне совршена нота на домашната ракија. Најголем број на учесници и освојувачи на награда на овој Меѓународен фестивал на ракијата беа производителите од Богданци и богданско. Тие се’ вкупно собраа 17 награди за квалитет на своите домашно израборени од грозје, слива, овошни ракии, мастика.

Related posts

Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025
НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

јули 4, 2025

Во категоријата “Лозова ракија” обоена и постара над 3 години освоено е ПРВОТО и ТРЕТОТО место по квалитет, или се’ вкупно 10 награди за квалитет. Носителите на медали и Победнички пехар отидоа во рацете на:

1.ПРВОместо – Голем ЗЛАТЕН медал – Коста Стратров за ракија произведена 2000 година со 48% алкохол и оценка од жирито 19,43 поени;

3.ТРЕТО место – Голем ЗЛАТЕН медал – Димитар Франгов за лозова ракија произведена 2016 година со 40% алкохол и оценка од жирито со 19,30 поени;

11 место – Голем ЗЛАТЕН медал – Николчо Рамаданов
12 место – ЗЛАТЕН медал – Костадин Воданов
13 место – ЗЛАТЕн медал – Димитар Франгов
15 место – ЗЛАТЕН медал – Коста Стратров
17 место – Голем СРЕБРЕН медал – Димитар Улишев
19 место – Сребрен медал – Арсен Шутаров
23 место – Сребрен медал – Коста Стратров
25 место – Бронзен медал -Сашо Петков.

Коста Стратров – добитник на три награди за квалитет на МФ „Тиквешка ракијада 2024“

Во категорија “Мастики” наградите ги освоија:
2.ВТОРО место – ЗЛАТЕН медал – Костадин Воданов за мастика произведена 2019 година со 41% алкохол;
4 место – Сребрен медал – Арсен Шутаров
6 место – Сребрен медал – Тимчо Минев
8 место – Сребрен медал – Коста Стратров

Пехар за најдобрата ракија за Коста Стратров од Богданци

Во категорија “Слива” покрај прејаката конкуренција од Р.Србија, високо 4-то место за Димитар Франгов и ГОЛЕМ ЗЛАТЕН медал.

Во категорија “Ракија лозова обоена” до 3 години, Тимчо Минев освои златен медал и високо 6-то место и БРОНЗЕН медал 30’то место.

Во категорија “Овошни ракии” Костадин Воданов освои БРОНЗЕН медал.

Костадин Воданов, производител од Стојаково е добитник на три награди за квалитет, ЗЛАТЕН медал за ракија постара од 3 г. , ЗЛАТЕН медал за „мастика“ и БРОНЗЕН за „овошна ракија“

Богданчани горди на своите вредни домаќини, производители на капката за добредојде, на пијалокот за радост, за свадба, за веридба, едноставно за секој домашен среќен настан, традиција на наздравување и славење. Познавачите на добрата стара традиција на печење домашна ракија своите познавања ги носат од дамнина, од традиционалните приготвувања во семејството, а со новите технологии се усовршуваат во изведбата на квалитет, вкус, мекост, јакост на пијалокот.

Честитки за победниците, за носителите на медали, за освојувачите на победнички пехари. И од толкуте познавачи на оваа древна умешнст на подготовка на домашна ракија може ќе се изнедри и некој фестивалски настан за ракијата и виното во Богданци, на југот од Македонија.

„Бербата“ на медали, пехари и дипломи на Костадин Воданов на МФ „Тиквешка ракијада 2024“ и освоена титула „Тиквешки ракијски војвода“

Организатор на настанот е Здружението на производители и мали дестилери на јаки алкохолни пијалоци “Ж’та” од Кавадарци кој годинава рганизираше оценување во 12 натпреварувачки дисциплини за квалитет на домашна ракија, мастика, узо, сливова ракија, виљамовка, јаболкова, ракија од кајсии, други овошни ракии од вишни, цреши, аронија, боровница, ликери.
Настанот привлече производители на ракија од регионот, Србија, Бугарија и други соседни земји.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Викторија од Данска е крунисана „Мис Универзум 2024“

Next Post

Aлександар Груиќ победник на натпреварувачкиот дел од „Гевгелија на точак“

Next Post
Aлександар Груиќ победник на натпреварувачкиот дел од „Гевгелија на точак“

Aлександар Груиќ победник на натпреварувачкиот дел од „Гевгелија на точак“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ТРЕТО место на Државен натпревар за средношколките од „Ј.Јосифовски“ Гевгелија

ТРЕТО место на Државен натпревар за средношколките од „Ј.Јосифовски“ Гевгелија

1 година ago
ВИДЕО: Празнично и преполно за 1 Мај во Дојран

ВИДЕО: Празнично и преполно за 1 Мај во Дојран

2 месеци ago
Почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство

Почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство

11 месеци ago
Донација од Холандија за Јавните здравствени установи во Гевгелија

Донација од Холандија за Јавните здравствени установи во Гевгелија

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist