сабота, 12, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Во Гевгелиската Гинекологија уште нема плач на новороденче во Новата 2025

јануари 9, 2025
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА, ФОКУС
Во Гевгелиската Гинекологија уште нема плач на новороденче во Новата 2025
0
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Девети јануари, трет ден Божиќ, Гевгелија го дочека со празнична рутина, топло зимско време, но не и со најново новороденче за 2025 година.

Во Одделението за Гинекологија при Општа болница Гевгелија со проширена надлежност и денеска нема детски плач, нема новороденче.

Related posts

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025
Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

јули 11, 2025

Прашавме дали да очекуваме некоја мајка во најава која ја одржува својата бременост во Гинекологија дека ќе треба да се породи деновиве па да се порадуваме дека Гевгелија продолжува да расте со нов станар, нов жител, иако во пелени.

Одговорот од дежурните служби на Гинекологија е дека нема трудница во одделението што чека пород, нема тим за породување, сите трудници се упатуваат во породилиштата во другите медицински установи во државата.

Ако ваква е состојбата годинава, тогаш каква беше минатата 2023 година на тема новороденчиња во Гевгелиската Болница?
Ни одговорија дека во Одделението за Гинекологија во Гевгелија, лани, во 2024 година се породиле само четири новороденчиња од кои 2 машки и 2 женски. Рамноправност на половите, нема што.

Во годината 2023 во Општа Болница со проширена надлежност Гевгелија се родени 16 бебиња, од кои 6 машки, а 10 женски, извести GevgelijaNet.com. Тоа значи за три пати намален бројот на породувањата во 2024 во однос на 2023 година, извршени во Општа болница Гевгелија.

Ова е мала бројка на новородени во гевгелиската болница заради непостоење на комплетен медицинско-гинеколошки-анестезиолошки тим за изведување на пороѓај, царски рез, или породување кај тешки форми на бремености.

Сепак Гевгелија и регионот на надлежност на Општа болница Гевгелија имаат свои принови, од страна на родилки од југот кои својот чин на мајчинство го доживеале во некои од родилиштата во државата.

Точната бројка на новородени во 2023 година е 237 бебиња. За 2024 година не дознавме. Колку бебиња ќе се родат годинава во Гевгелија не знаеме; Без комплетен медицински тим треба да се запрашаме дали ќе има бебиња?

Ова не е прашање само за мајките, за трудниците, за младите родители, ова е прашање за здравствениот систем кој се’ повеќе пати од недостаток на специјалистички кадар, како во државата, така и во Гевгелија.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

СООПШТЕНИЕ на МВР: Внимавајте на телефонски измами од лажни институции

Next Post

Апокалиптични сцени од пожарот во Лос Ангелес, Холивуд и лукузната област Пaлисадес

Next Post
Апокалиптични сцени од пожарот во Лос Ангелес, Холивуд и лукузната област Пaлисадес

Апокалиптични сцени од пожарот во Лос Ангелес, Холивуд и лукузната област Пaлисадес

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Васко Саздовски е македонскиот граѓанин меѓу загинатите во Нови Сад

Васко Саздовски е македонскиот граѓанин меѓу загинатите во Нови Сад

8 месеци ago
Генерална проба за состав: Како го поминав летниот распуст

Генерална проба за состав: Како го поминав летниот распуст

11 месеци ago
ВИДЕО:  Убава наша Гевгелија

ВИДЕО: Убава наша Гевгелија

3 месеци ago
КУД „Негорци“ со успешен настап на 39 „Истибањско здравоживо“

КУД „Негорци“ со успешен настап на 39 „Истибањско здравоживо“

10 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија
  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ
  • Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025
Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist