Носителот на Светиот Крст извлечен од водите на Дојранското езеро на ден Водици деновиве ги прошета куќите и домаќинствата на дојранчани кои ги даруваа носителите со паричен прилог.
Најуспешниот фаќач на крстот Мите Пејков со своите другари од остварените посети на дојрачани успеaја да соберат паричен прилог од 100.000 денари и истите да ги вложат во хумани цели.
Сите собрани средства се донирани на Наце Ристов кој е на лекување во Турција поради дијагностициран високо агресивен тип на нехочкин лимфон, каде се лекува со трансплантација на матични клетки.
Желбата на Наце да живее, да оздрави и да продолжи со животот заедно со своето семејство со сопругата и двете дечиња е преголема. Преголема и брза е реакцијата на дојранчани кои вака заеднички се одзваа на хуманите апели за помош за лекување на Наце.
За нив благодарност искажуваат граѓаните на социјалните мрежи. Благодарност и до хуманите носители на Светиот крст, пред се’ на Мите Пејков заедно со другарите: Андонов Бојан, Станко Димиќ, Мартин Јованвиќ и Драган Васиќ.
Свој придонес можат да дадат и други граѓани, хуманоста не е забрането да се шири, да се споделува, да се помага. Тоа можете да го сторите со уплата на било која сума на средства на следните Сметки за донации:
MKD 320500033294552
EUR MK07 3205 4003 3294 647
CHF MK07 3205 3003 3294 890
SWIFT BIC: CECBMK22
Преку Т-Мобиле е отворен и број за донација за Наце Ристов. На 143 193 може да донирате само ако вашиот број е на овој опрератор. Со еден повик донирате 100 денари за Наце.
Секоја и најмала помош е важна!
Да усреќиме една добра патална душа.