петок, 6, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

Еден ден од животот поминат на Онкологија

Исповед на Вања Андонова, онколошки пациент од Струмица

февруари 19, 2025
in OД НАШ АГОЛ
Еден ден од животот поминат на Онкологија
0
SHARES
618
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Исповед на Вања Андонова, онколошки пациент од Струмица за животот и премрежјата на една жена со дијагноза за која е потребен третман на Клиниката за Онкологија. Долг е патот до здравјето, а почнува во темни зори, завршува во темна ноќ, и … следната недела пак истото.Еве што напиша Вања на социјалните мрежи:

„Да си од Струмица и да патуваш до Скопје за една терапија изгледа вака:
1. Станувам у 5ч рано рано.
Будам мало дете од 7 години го облекувам за училиште и викам: „Спиј мама надвор е уште темно, имаш време за на училиште“..
А тоа вели: „А зошто мама одиш на болница у темното?“
Јас: „Па мама за да завршам и да се вратам порано“.

Related posts

Герасим Сарамандов со реакција: „Темата спорт и татко на градоначалникот ви е промашена и губитничка – најдете друга тема!!!“

Герасим Сарамандов со реакција: „Темата спорт и татко на градоначалникот ви е промашена и губитничка – најдете друга тема!!!“

мај 17, 2025
Кога мажите плачат во Кочани

Кога мажите плачат во Кочани

март 18, 2025

Цел ден од темно до темно оставам 2 малолетни деца да се грижат сами за себе.
Фала му на Бога што се умни и навикнаа и прифатија дека мора да е така.
И демек ќе стигнам порано за да завршам се’ порано.
Ама не е така.
На секоја врата се чека баш убаво долго.
Затоа што ЦЕЛАААААА Македонија сме у една клиника.

2. Докторите и сестрите ни паузи не користат за да постигнат да внимаваат на сите пациенти.

3. Една лабораторија за крв.
100 пациенти чекаат ред и сите со таа крвна слика одиме на дневна амбуланта,каде чекаме ред.

4. Уште еден поголем проблем- Недостаток на персонал.
Младите медицински сестри кои беа ба работа си отидоа без плата и без решенија.

5. Амбулантата која беше само за инекции веќе не работи, така да сега и тие пациенти чекаат заедно со нас кои сме за хемо.

6. Недостаток на столици за седење, тесни ходници за зголемениот број на пациенти.
Некои си седиме на скалите,зашто така налага процедурата на лечење.

7. И кога добиваме бројче може да е 29 или 39 или не знам 55.
И се чудиш кога ќе дојдеш на ред.
И така редот е баш да си одиш дома у темно, зашто нели веќе и си тргнал на терапија у темно.

Не набројувам веќе.
Само да кажам дека добро би било у оваа наша жална напатена Македонија некој треба да мрдне со прсти и да активира мозок.
Доста крадете
За каде ви се парите?
Ќе си купувате уште џипови?
Ќе градите згради?
Ќе го купите пола град?
Ќе бидете моќници?
Ќе не гледате од високо?
Само еден БОГ гледа одозгора.
И за вас и за нас е тој.
Ние се мачиме од вашата незаинтересираност за НИШТОООО

Аман
Аман
Некој нешто да направи добро за овој народ.
Се лечиме у странство со донации.
А вие уште крадете и крадете🤮🤮🤮

Да имавте осет ќе се срамевте сами од себе.
Засрамете се сите без разлика на партија🤢🤮🤢

Одделете во секој град по една соба од болниците за нас онколошките пациенти.
Обучете персонал.
Секаде во светот така функционираат работите.
Ги бркате младите од своите родни куќи за подобар живот да бегаат у други држави.
Никој не остана
НИКОЈ
😪😪😪😪😪😪

Да надополнам:
Еден апарат за Пет скен снимање, од кој зависат многу животи.
Само ЕДЕН
Е, кој понапред да снимат?
Бројот на заболени е енормно зголемен и самото тоа по дифолт кажува дека требаат уште апарати.
А ако у некоја болница се расипе апарат за снимање, како што се случува често, е чекајте со месеци до пола година да се направи.
И ако нема реагенси за снимање,а нема често.
Ќе се шетаме од град до град со врски за да се снимиме.

Има уште….😪😪“

Да им дадеме поддршка на онколошките пациенти барем со споделување на нивните маки до подобро здравје, да видат и надлежните, и одговорните…. и тие што можат да помогнат да се олесни патот до здравјето на овие луѓе со најтешката дијагноза.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Лишени од слобода двајца гевгеличани

Next Post

Светиот крст изваден од водите на Вардар за Водици во посета на гевгелиските домови

Next Post
Светиот крст изваден од водите на Вардар за Водици во посета на гевгелиските домови

Светиот крст изваден од водите на Вардар за Водици во посета на гевгелиските домови

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Интервју со Драгица Митрова – прва кадетска и сениорска репрезентативка од Гевгелија

Интервју со Драгица Митрова – прва кадетска и сениорска репрезентативка од Гевгелија

2 години ago
Богданци го празнува Денот на ослободувањето – 10 Октомври

Богданци го празнува Денот на ослободувањето – 10 Октомври

8 месеци ago
27 Ноември некогаш беше Ден на дрвото, денеска обичен студен ноемвриски ден

27 Ноември некогаш беше Ден на дрвото, денеска обичен студен ноемвриски ден

2 години ago
Четири градежни фирми од Гевгелија со одземени лиценци од Министерството за транспорт

Четири градежни фирми од Гевгелија со одземени лиценци од Министерството за транспорт

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Лишен од слобода млад валандовчанец, поради физичко насилство
  • Невреме столчи 10-ци хектари под пластеници во струмичко
  • Духовденска задушница – спомен за починатите

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Лишен од слобода млад валандовчанец, поради физичко насилство

Лишен од слобода млад валандовчанец, поради физичко насилство

јуни 6, 2025
Невреме столчи 10-ци хектари под пластеници во струмичко

Невреме столчи 10-ци хектари под пластеници во струмичко

јуни 6, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist