Малите фудбалери на „Џокер“ од с.Фурка, општина Дојран имаа одличен настап на елитен меѓународен турнир во Франција каде завршија како најдобри во Бронзената група.
Според информациите од фудбалскиот клуб, тие отпаднале во полуфиналето од сребрената група од Ленс од кој загубиле со 1-2, а потоа во бронзената група победиле во финалето и завршиле како најдобри. Вака беа претставени при почетокот на финалниот меч.
На патот до трофејот од Бронзената група тие се соочија на терен со екипите на> 𝗔𝗖 𝗠𝗶𝗹𝗮𝗻 (Италија), 𝗘𝗦 𝗧𝗿𝗼𝘆𝗲𝘀, 𝗘𝘁𝗼𝗶𝗹𝗲 𝗗𝘂 𝗖𝗲𝗻𝘁 𝗡𝗮𝗻𝘁𝗲𝘀 и 𝗥𝗮𝗰𝗶𝗻𝗴 𝗹𝗮 𝗥𝗶𝗰𝗵𝗲, сите три клуба се од Франција.

– „Ова е генерација фудбалери на ФК „Џокер“ од 2014 и се пет години по ред најдобра категорија во клубот, најдобри во регионот, затоа ги пријавивме за учество на елитен турнир во Париз, Франција. За прв пат децата добиваат едно такво големо искуство, да се натпреваруваат со големи тимови ширум цела Европа, каде што и моментално на турнирот во кој учествува и нашиот тим, се наоѓаме во групата која е една од најсилните на турнирот“ – вели тренерот на македонските млади фудбалери, Кристијан Ристов.

- На турнирот учествуваат 40 екипи од светот, подмладоци од професионални клубови од светски ранг, Милан, Спортинг Лисабон, Беенфика, Атлетико Мадрид, Олимпик од Марсеј, Лион, Андерлехт… Нашите деца од ФК „Џокер“ беа единствени претставници од Македонија, единствен клуб од Балканот и Југоисточна Европа“ – изјави за GevgelijaNet тренерот на малите фудбалери од „Џокер“ Кристијан Ристов.


Дечињата со одлични спомени се враќаат од Франција, каде го посетија и стадионот на еден од најголемите клубови во светот, ПСЖ.


Следен настап на младите таленти на македонскиот клуб ќе биде турнир во соседна Бугарија, во Сандански, а групата 2012 ќе настапи на турнир во Италија.