вторник, 1, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

„Текстилната Корпорација“ ја стартува третата декада од својата дејност во Гевгелија

„Текстилната корпорација“ ДООЕЛ Гевгелија годинава ја започнува третата деценија од своето формирање и дејност во областа на текстилната индустрија во Гевгелија. За почетоците и сегашните економски констелации разговараме со менаџерот-управител Јанис Киакос

март 14, 2025
in MАКЕДОНИЈА, ИНТЕРВЈУ, ФОКУС
„Текстилната Корпорација“ ја стартува третата декада од својата дејност во Гевгелија
0
SHARES
2.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

„Текстилната корпорација“ ДООЕЛ Гевгелија годинава ја започнува третата деценија од своето формирање и дејност во областа на текстилната индустрија во Гевгелија.

Стартуваа во 2004 година со 120 вработени, 20 годишниот јубилеј го прославија со растеж од 370 вработени во Гевгелија и уште 110 во производниот погон во Неготино, со помошни дејности кои ја опслужуваат корпорацијата и значат егзистенција за близу 2.000 вработени и нивните семејства. Разговараме со првиот човек на Корпорацијата, г-дин Јанис Киакос, менаџер-управител на „Текстилната Корпорација“.

Related posts

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

Изгаснат големиот пожар на депонијата во с.Јосифово, валандовско

јуни 29, 2025
Tрет инклузивен марш на Кожуф

Tрет инклузивен марш на Кожуф

јуни 29, 2025

GevgelijaNet: Господине Киакос, најнапред честитки за јубилејот кој го одбележавте минатата 2024 година – 20 години од формирањето на првиот производен погон во Гевгелија. Со каква екипираност и планови ја започнувате третата декада од своето производно присуство и дејност во Гевгелија?

Г-дин Јанис Киакос: Текстилниот пазар оваа година знатно се промени на светско ниво. Главен фактор е војната на Европско тло која предизвика дел од нашите клиенти, кои се пред се’ европски компании, да ги намалат нарачките, или воопшто да ги откажат. Најголем удар ни’ нанесе нашиот најголем и редовен клиент кој одбра годинава да се пресели во Бангладеш поради конкурентноста на тамошниот текстилен пазар. Тоа предизвика намалување на ангажираните работници кај нас и, од некогашните 370 во погонот во Гевгелија сега имаме 270 вработени во Гевгелија, а погонот во Неготино од 1 март не функционира. За жал, и таму 110 вработени добија отказ. Нема дооволно нарачки за сите да бидат производно ангажирани.

GevgelijaNet: Претпоставувам дека Вие како компанија праќате понуда до нови потенцијални клиенти. Има ли надеж да привлечете нови клиенти/нарачатели на вашите текстилни производи? За да има континуитет дејноста, за да нема нови отпуштања од работа.

Јанис Киакос: Секако, понуди се испратени, добиваме ангажмани, но во мали количини. Очекуваме и други договорни нарачки, но ако продолжи ова темпо какво што се наметна на почетокот од годината се плашам да не се вратиме на почетокот, со 120 вработени во „Текстилната корпорација“ во Гевгелија. Тоа би значело отказ за уште 150 луѓе. Ние не сакаме такво нешто да се случи, зошто најголема загуба ќе ни биде квалитетно обучената работна сила.

Шивачки погон – предмет на обработка е органски текстил

GevgelijaNet: Зошто би било тоа најголем проблем?

Јанис Киакос: Па, младиот кадар не мисли за работа во текстилната индустрија. Секој нов работник за да влезе во производен процес кај нас му треба обука од најмалку три до шест месеци. За тој период добива плата, а не произведува. И тој трошок го превземаме, а ни се случува и после совладаната обука лицето да си замине на работа во странство.
Најголемиот број на сега активните вработени се од средната генерација со работни навики и квалитет во изработката и дисциплината. За таков кадар да создадеш треба време. Се плашам големата понуда за нови работни места со изградбата на трговски молови во Гевгелија, дека некои нови дејности ќе привлечат дел од сегашната ангажирна работна сила кај себе. Ако изгубиме обучен работник, тие најтешко се надокнадуваат. Ние како текстилна корпорација ќе треба да одговориме и на овој предизвик да ја сочуваме работната сила со нови нарачки, договорни зделки, со цел квалитетната работна сила да си остане тука, во текстилната индустрија.

GevgelijaNet: Дали очекувате некаков вид помош, или мерка за ублажување на економските притисоци врз текстилната индустрија од страна на државата? Вие сте странски капитал вложен во Македонија со цел активирање на текстилен погон со работна ангажираност на локалната работна сила. За ова следуваат ли некои бенефиции, субвенции?

Јанис Киакос: До сега не сме користеле никакви субвенции, освен нешто малку за набавка на нови машини. Актуелниот кредит од Унгарија е несоодветен за нас, тоа се таму мали износи. Проблемот е што не сме конкурентни како текстилна индустрија пред клиентите од Европа и светот. Овде се’ е покачено, и струја, и платите се покачени. Пример ќе кажам, во Турција државата ја субвенционира текстилната индустрија со одобрување поефтина цена за струја, со одобрени помали давачки, придонеси, даночни стапки, со цел да се стимулира индустријата и да биде активна и конкурентна.
Еве, следниот месец ќе имаме покачување на платите за 2.000 денари со пораст на минималната плата од 22.000 на 24.000 денари. За уште 1000 денари ќе се покачат и пресметките за придонесите. Значи, имаме покачување на трошоци за ангажирана работна сила од 3000 денари по вработен. Тоа од старт за нас, за 370 вработени, значи нови 600.000 денари трошоци месечно. Тие пари треба да се заработат. Затоа пуштаме понуди, чекаме одговор за нови нарачки за да ја одржиме дејноста и вработените.

GevgelijaNet: Г-дине Киакос, имате уште многу предизвици пред Вас. Не Ве напушта оптимизмот дека ќе се одржите на пазарот. Ние Ви посакуваме да ги остварите Вашите зацртани планови, да добиете работа за ангажирање на сите 480 вработени во Македонија, со активирање и на затворениот погон во Неготино и да бидете присутни во Гевгелија уште долги години.

Јанис Киакос:  Се трудиме да ја одржиме дејноста на ниво на рентабилност и профитабилност овде во Гевгелија. Со тоа придонесуваме за одржување на локалната економија и секако егзистенција на над 2000 семејства заедно со пропратните и помошните дејности кои се приклучни и неопходни за завршување на ланецот – од нарачка, од добавувач на материјали, произодна обработка, секој конец на машината …. до последниот купувач.

GevgelijaNet: Заради сите овие 2000 семејства кои живеат од функционирањето на „Текстилна корпорација“ Гевгелија, Ви посакуваме многу среќа и бизнис вештина да ги остварите зацртаните годишни планови.
Ви благодарам на разговорот и искрените одговори.

Оддел за дизајнирање на модели
Оддел за изработка на модели
Оддел за контрола
Оддел за преса

Автор: Ј.Д.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Пронајдена дрога во домот на 17 годишник од гевгелиско

Next Post

Низ погоните на „Текстилна корпорација” Гевгелија

Next Post
Низ погоните на „Текстилна корпорација” Гевгелија

Низ погоните на „Текстилна корпорација" Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Новак победи во Париз и ја освои 97-та титула во кариерата

Новак победи во Париз и ја освои 97-та титула во кариерата

2 години ago
Притворен 24 годишен гевгеличанец

Притворен 24 годишен гевгеличанец

2 години ago
Црвен Крст Гевгелија – Остварени 750 крводарувања во 2022 година

Црвен Крст Гевгелија – Остварени 750 крводарувања во 2022 година

3 години ago
Игор Стефановски- Иџе од Швајцарија: Ова е Македонија, ова се Македонци

Игор Стефановски- Иџе од Швајцарија: Ова е Македонија, ова се Македонци

11 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist