Денеска се хоспитализирани нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари, oбзнани директорот на Фондот за здравство Сашко Клековски на Фејсбук.
„Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и во Св. Наум Охридски 12 лица.
На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Литванија четири, Бугарија еден, Австрија четири (Виена, Грац)“, пишува Клековски.
Тој информира дека вкупниот број на повредени кои се лекуваат во странство е 73.
Од Србија пристигнуваат драматични снимки за транспортот на повредените од Македонија на клиниките во Србија и борбата со времето.
Драматични снимки од Белград: 12 пациенти денеска пристигнаа во Белград од Македонија. Сите се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.