На ден Лазарева сабота обичај е девојчиња украсени со цвеќе, дотерани и насмеани да ги посетат домаќинствата од соседството, роднините, познаниците и да им ја донесат Лазаревата песна со која носат благослов за домот кој го посетуваат
Дочекајте ги Лазаренките денеска, на ден Лазарева сабота.
Носат благослов за здравје и слога во семејството, мир и бериќет за домаќинството. Ќе ве огреат насмевките од девојчињата кои пеат песни за Лазар, заштитникот на болните и сиромашните.
Обичај е домаќините да ги даруваат со јајце за збогатување на Велигденските празници, со домашни слатки, овошје или некоја паричка за бериќетот да расте за добробит на семејството кое го посетиле Лазаренките.