Малите фудбалери од ФК „Џокер“ Фурка вчера настапија на меѓународниот турнир во фудбал „𝗔𝗿𝗶𝗱𝗮𝗶𝗮 𝗘𝗮𝘀𝘁𝗲𝗿 𝗖𝘂𝗽“ во Грција и станаа ШАМПИОНИ на Купот.
Боите на Македонија за „Џокер“ ги бранеа деца генерација 2014 година, а се нетпреваруваа со деца една година поголеми од нив, во категорија U12. За возрасните тоа можеби е и небитен податок, но за младите, за децата кои се во развој една година значи многу разлика. Сепак, фудбалерите на „Џокер“ иако помали, помлади се покажаа повешти на теренот и во 5 одиграни натпревари остварија 5 победи и го освоија КУПОТ, станувајќи НЕПОБЕДЕНИ ШАМПИОНИ!
Ова е извонреден резултат на фудбалерите на Џокер. Но, не им е прв пат да победуват на меѓународни натпревари, Во Грција до сега имаа остварено на два пати шампионски победи.

„Џокеровите Шампиони“ се натпреварува и дружеа на „𝗔𝗿𝗶𝗱𝗮𝗶𝗮 𝗘𝗮𝘀𝘁𝗲𝗿 𝗖𝘂𝗽“ со фудбалски школи и клубови од делот на Западна Грција, со што со овој турнир, децата остварија уште едно меѓународно спортско учество, уживаа на нови терени и нови победи, и другарувања.

Минатата недела фудбалерите на ФК „Џокер“, генерација 2012, настапија на „Ravenna European CUP“ во Италија, каде во меѓународна конкуренција стасаа до четврт финалето, но овде поради несреќен автогол, по изведување на корнер од противничкиот тим, македонскиот клуб остана со пласман од 6-то место, соочувајчи се со големата „𝘼𝙩𝙖𝙡𝙖𝙣𝙩𝙖“. Сепак, дечките од „Џокер“ се пласираа во првите 8 од турнирот.
На турнирот настапија 136 екипи, а „Џокер“ првиот дуел го имаше со екипата на FC „Pistoiese B“ од Италија и постигна победа од 3:0.

Неуморни од победите и успесите, малите фудбалери од „Џокер“ денеска настапуват на 4тиот по ред „Zlatibor Cup“ во Србија.
Синоќа, по пристигнувањето учествуваа на свеченото дефиле кое се одржува од страна на организаторите и заедно со дел од останатите 4000 дечиња кои ќе учествуваат на овој турнир, поминаа прекрасна вечер на плоштадот во Златибор.
Ова е дел од забавата за сите учесници на Златибор Куп, каде младите од „Џокер“ покажаа елан и кондиција и за дружење и за спортски натпревар.
Денеска џокеровите фудбалски торпеда настапуваат на фудбалските терени.
Им посакуваме многу успех!
