На два дена од официјалниот почеток на летото 2025 Управата за хидрометеоролошки работи во Македонија најавува топол бран во нашата земја.
Под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната темпаратура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе достигне до 40 степени.
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пореон дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викенд кога ќе дува умерен со засилен северен ветер, велат од УХМР.
Во Гевгелија нема да не’ одмине топлотниот бран. Лани првите температурни 40-ки настапија уште на 19 јуни, три дена пред официјалниот настап на летото.
Подгответе се за топлотниот бран со обврски што ќе ги завршите сега, а не по горештините во средината на неделата.