Марко е 14 годишно момче кое се соочи со дијагноза тумор на жолчка со која успешно се соочи во Турција, благодарение на помошта на добрите луѓе.
Но, борбата за здравјето продолжува поради тешките дијагнози кои ги има Марко: епилепсија, нарколепсија и апнеа, замор, болка. Затоа мора да се исправи пред нов предизвик – примање терапија која е пресудна за неговото закрепнување. Исто така треба да направи дополнителни испитувања со цел да се утврди траен пристап кон неговата здравствена состојба и соодветна терапија.
Ова Марко треба да го направи во странство, во здравствена институција во Турција каде го започна лекувањето.
Семејството е исцрпено од досегашните битки за здравјето на Марко. Затоа се обраќаат до хуманите граѓани да помогнат за лекување на нивниот син, за нормален живот и нормално детство на Марко. Затоа упатуваат АПЕЛ за донации:
Сметка: 210 – 5017866738 – 95
Носител: Марко Џољевски
Депонент: НЛБ Банка
Телефонски броеви за донации:
ВИП 143 – 482
Телеком 143 – 109
Марко беше опериран од тумор во Турција, но сега здравјето му зависи од понатамошната терапија.
– „Марко сега мора да започне со многу скапа терапија која не можеме да си ја дозволиме. Болничките трошоци се огромни, а без терапијата, неговата шанса за опоравување ќе биде сериозно загрозена.
Ние немаме друга опција, освен да се обратиме до вас.
Молам, ако сте во можност, донирајте за Марко. 🙏“ – напиша неговата мајка на социјалните мрежи.
Да помогнеме добри луѓе, за насмевката на Марко!
Ова младо момченце чека да ја почувствува вашата хуманост, да му се олесни животот, да ја прими неопходната терапија да му се насмее лицето од олеснување на болките.
Ајде свртете некој од донаторските броеви – ВИП 143 – 482 и Телеком 143 – 109.
ЗА МАРКО!