Највисоката награда Гран При ја освои синоќа малиот 8 годишен Матеј Колев на 45-от Меѓународен Детски „ТИН“ фестивал во Донји Милановац, Србија.
Матеј настапи како единствен претставник од Македонија на овој традиционален музички фестивал „ТИН фестивал на забавна музика за деца и млади 2025“. Пред публиката настапи со песничката „Кога љубовта еднаш ќе дојде“, која ја пееше на српски јазик и истата допре до тамошната публика.
Песничката за љубовта, вечната инспирација во животот исполнета од Матеј собра најмногу гласови од жирито и публиката и ја освои највисоката фестивалска награда Гран При.
Ова е голем успех за малиот пејач од Гевгелија. Инаку ова не е негов почеток на сцената. Првиот настап го имаше лани на Детскиот фестивал „Калинка“ и изгледаше многу самоуверено на фестивалската сцена. Така доби покана да настапува на Меѓународниот детски фестивал во Србија и пријатно да не’ изненади сите со својот успех.
Додека трае песната и меракот по неа победувај и понатаму Матеј. Публиката е желна за успеси кои ги наградува со громогласен аплауз.

