МВР известува дека денеска се поднесени две кривични пријави за жител на Гевгелија и жител на Богданци за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ за кои ги сомничи СВР Битола и СВР Струмица.
СВР Битола, поднесе кривична пријава против М.К.(55) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.04.2025 при влез во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, бил извршен преглед на пријавениот – осуденик во установата и била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.М.(48) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.02.2025 во Богданци, полициски службеници го затекнале пријавениот при продажба на амфетамин на друго лице од Богданци.