Атлетичарката Валентина Узунова од Богданци, член на АК „7 Ноември“ од Гевгелија, долгогодишна натпреварувачка на долги стази, љубителка на маратонски трки, а во последно време на планинските ултра вертикални трки, стана член на Македонската репрезентација која ќе учествува на Светското првенство во планинарско трчање „Masters Skyrunning World Champs“.
Оваа одлука ја донесе Македонската Федерација на планинарски спортови објавувајќи го петчлениот тим кој ќе ги брани боите на Македонија на „Masters Skyrunning World Champs“ 2025 година.
Тоа се:
1. Мартин Дамески BK/Cкaj класик 40-45 год.
2. Александар Кирковски BK/Cкaj Класик 40-45 год.
3. Жикица Ивановски Ултра скајрејс 40-45 год. (патека од 59 км и 4.000 метри елевација)
4. Марија Пеликон ВК/Скај Класик 40-45 год.
5. Валентина Узунова ВК/Скај Класик 55 г+

Македонија за првпат ќе има можност да настапи со ветерански 40+ национален тим на светско првенство во скајранинг. Валентина е наша атлетичарка од југот и највозрасна натпреварувачка и по години, и со атлетичарски стаж од 24 години.
Валентина ќе истрча на натпреварувачката патека во две дисциплини:
– Вертикал трка од 5,2 км со 1.110 метри елевации – На 3 Октомври
– Ултра вертикал трка од 33 км со 2.400 метри елевации – На 5 Октомври
Таа за GevgelijaNet изјави: „Секогаш на шала велев дека ќе се натпреварувам на Светско. Еве, излезе вистина“.
Навистина човек не треба да се шегува со желбите, зошто тие со воља и труд се остваруваат. Вале Оди на Светско!
Оваа година Светското првенство во Skyrunning ќе се одржи од 3ти до 6ти октомври во Бугарија/ Карлово, во рамки на @balkaniadaskyrace.
Лесни нозе за сите македонски натпреварувачи!
Навиваме за Вале! Навиваме за Македонија! 🇲🇰🇲🇰