Вчера, недела, на 8-мо мартовскиот празничен ден во Кавадарци се одржа осмиот по ред „Кавадаречки полумаратон“ 2026, на кој настапија околу 500 атлетичари. Меѓу побројните атлетски клубови од државата кои настапија на Кавадаречкиот полумаратон беше АК „7 Ноември“ од Гевгелија со вкупно 60 натпреварувачи и тоа 35 во категоријата деца и 25 во категориите за сениори.
Гевгелиските атлетичари освоија ДВЕ ПРВИ МЕСТА во екипен состав во категоријата трка на 5 километри сениори во женска и во машка конкуренција и едно ВТОРО место во поединечна конкуренција.
Победничкиот тим од женскиот состав ја истрча патеката од 5 км со најдобро вкупно заедничко време од 01:20:55. Тимот кој се искачи на највисокиот победнички подиум го сочинуваа:
– Ана Бегова – време 00:22:47 – (11 годишна атлетичарка)
– Надица Панова – време 00:28:44
– Стефанија Маркова – време 00:29:24
На истата траса од 5 км најдобро време од 01:09:39 постигна тимот на АК „7 Ноември“ (мажи), а истиот го сочинуваа: Максим Ангов (13 год.), Томче Петков (10 г.) и Ѓорге Папучиев (13).
Од машките на 5 км одличен резултат постигна Максим Ангов, кој со своите 13 години постигна 8-мо место во конкуренција од 141 сениори, учесници на трката.
Поединечно најдобар пласман од гевгелиските атлетичари вчера во Кавадарци оствари АНА БЕГОВА со освоено ВТОРО место на трката од 5 километри, искачувајќи се на подиумот меѓу поголемите, поискусните. Ана има само 11 години и само за една секунда беше зад победичката Емили Ивановска (18 г.) од АК „Скопски маратон“.

На трката од 10 км најдобро време од гевгелиските атлетичари постигна Рената Тот стасувајќи 12-та на целта со истрчано време од 00:58:52 минути. Од машките на 10 км најдобро време имаше Борче Узунов од 00:49:56 и стаса на целта како 26-ти од 141 учесника.

На полумаратон трката од 21,1 километар од Гевгелија настапија: Васил Самарџиев кој оствари најдобар резултат (01:53:19 h) стасувајќи 48-ми на целта од 83 учесника, потоа Јован Петров (01:55:23) и Драган Ристов (02:04:38 h).
Ова беше успешен спортски ден за гевгелиските атлетичари.



















