Младиот атлетичар од југот, Антонио Каракабаков, викендов настапи на крос натпревар во Смедерово, Србија и освои подиум за ВТОРО место на трката од 2.000 метри.
Натпреварот се одржа во меѓународна конкуренција со настап на пионери родени 2011/2012 година од Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Македонија и други балкански земји.
Антонио настапи во боите на својот клуб АК „Аеродром“ од Скопје каде тренира веќе втора година.
Заедно со Антонио настапи тим од 4-ца атлетичари од АК „Аеродром“ и сите се вратија со медали. Четворката од „Аеродром“: Антонио, Никола, Иван и Марко беа ПРВИ екипно на 2000 м на крос натпреварот во Смедерево.


Атлетската стрела од југот, младиот Антонио од с.Стојаково, богданско, е поранешен член на АК „7 Ноември“ Гевгелија, а со трансферот во АК „Аеродром“ имаше можност за настапи на атлетски трки на државно ниво, на кои стана двократен носител на најдобар резултат во категоријата пионери за трки на 800 и 1.500 метри. Неговиот тренер му ги продолжува атлетските предизвици и на 2.000 метри со цел да го стимулира и на подолги стази и поголеми успеси, како последнoто првенство во крос во Смедерево, централна Србија.
Браво Антонио!



















