Младиот 16 годишен шахист Кристијан Кавазов од Гевгелија на завчера одржаното Државно првенство во шах за пионери и младинци го освои победничкиот пехар и медал за освоеното ПРВО место и Шампионската титула за најдобар младински шахист во неговата возрасна категорија У-16.
Кристијан Кавазов е роден 2010 година, има 16 години и е средношколец, а активно се бави и со шахот со кој видно напредува и во знаењето, и резултатски од натпреварите на кои учествува.
Годинава ја понесе шампионската титула Државен ПРВАК за младинци до 16 години, а во 2024 година тој заедно со младите членови на ШК „7 Ноември“ од Гевгелија го освоија ТРЕТОТО место на Државното екипно првенство за младинци. Наградите ги понесоа: Кристијан Кавазов, Илија Велков, Ефе Ибраимов, Филип Видичек и Јосиф Зоев. Еве, од година во година младиот Кристијан напредува со шахот не занемарувајќи ги училишните обврски (во 2025 г. освои трето место на Општиснки натпревар по физика), и другарските денови.

Заедно со него на Државното првенство во шах за младинци учествуваа уште 5-мина членови на гевгелискиот шаховски клуб „7 Ноември“. Тоа се: Илија Велков, Ефе Ибраимов (Државниот Шампион во У-16 за 2024), Коста Попристовски, Ристе Крстов и Анастасија Дулевска.

Од управата на клубот, заедно со честитките и искажаното задоволство од постигнатото, изјавија:
– „Ова е уште еден доказ дека во клубот добро се работи и овие младинци се иднината на нашиот клуб“.
Државното шаховско Првенство за пионери и младинци се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“ во Скопје во организација на Шаховската Федерација на Македонија.
Честитки за младинскиот ШАМПИОН во шах од Гевгелија и вредните учесници!



















