недела, 16, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ОВР Гевгелија: Лишени од слобода пет лица во едно деноноќие

Почетокот на викендот некого инспирирало на „послободно однесување“ кое полициските службеници од ОВР Гевгелија го санкционирале - Двајца гевгеличани, двајца струмичани и еден Германец завршиле зад решетки поради прекршоци по КЗ на РСМ

август 15, 2026
in ФОКУС
ОВР Гевгелија: Лишени од слобода пет лица во едно деноноќие
0
SHARES
1.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Почетокот на викендот за некои жители и посетители на Гевгелија го сметале за почеток на својата слобода во однесувањето – некого го инспирирало на прекумерно пиење алкохол па и физичко посегање по службено лице на полицијата, други се вдале во користење опијати, трет „стиснал3 на педалата за гас да одлета во провод.

На 14.08.2026 во 20:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.И.(51) од Гевгелија. Тој околу 20:15 часот во Гевгелија агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент и физички нападнал еден од нив. Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а од извршеното алкотестирање е утврдено дека бил под дејство на алкохол односно му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Д.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Related posts

Гевгелија – Новото руво на Старата градска чаршија

Гевгелија – Новото руво на Старата градска чаршија

август 14, 2026
Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026

На 14.08.2026 во 19:50 часот, на брана „Топлик“ Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.А.(30) од Гевгелија. При преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.08.2026 во 22:30 часот, во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода К.Ч.(35) и М.П.(36), двајцата од Струмица. При преглед на патничко возило „Шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ч., во кое сопатник била М.П. е пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат

Денеска (15.08.2026) во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ф. управувал патничко возило „БМВ“ со германски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО и ФОТО: Страотен пожар го пеплоса градот Омиш, Хрватска

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

IN MEMORIAM: Почина актерката Катерина Крстева

IN MEMORIAM: Почина актерката Катерина Крстева

4 години ago
Бесплатни часови за пливање за децата од општина Гевгелија

Бесплатни часови за пливање за децата од општина Гевгелија

1 година ago
Песна „Дојранска“ на „ТУМБА ФЕСТ“

Песна „Дојранска“ на „ТУМБА ФЕСТ“

2 години ago
„ЖИВОТЕ, БРАТЕ!“ – нова песна и спот на дуото ДНК

„ЖИВОТЕ, БРАТЕ!“ – нова песна и спот на дуото ДНК

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ОВР Гевгелија: Лишени од слобода пет лица во едно деноноќие
  • ВИДЕО и ФОТО: Страотен пожар го пеплоса градот Омиш, Хрватска
  • Гевгелија – Новото руво на Старата градска чаршија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ОВР Гевгелија: Лишени од слобода пет лица во едно деноноќие

ОВР Гевгелија: Лишени од слобода пет лица во едно деноноќие

август 15, 2026
ВИДЕО и ФОТО: Страотен пожар го пеплоса градот Омиш, Хрватска

ВИДЕО и ФОТО: Страотен пожар го пеплоса градот Омиш, Хрватска

август 15, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist