Заврши Шестиот Меѓународниот шаховски турнир „АУРОРА 2026“ Гевгелија и ги донесе победниците: Булатовиќ Лука од Србија со освоени 6 поени, Костадиновски Зоран и Селковски Жарко од Македонија ги освоија Вицешампионското и Третото место
Силната меѓународна конкуренција, учеството на шаховски репрезентативци од Македонија, Србија и Романија, на годинашниот Шести по ред Шаховски Турнир Аурора ја покажа сериозноста на турнирот и меѓународното рангирање на овој редок спортски настан во Гевгелија во организација на Спортскиот клуб „АУРОРА“ при Здружението на слепи од Гевгелија.
Интересен е фактот што Лука Булатовиќ е „резервиран“ победник на Шаховските турнири во Гевгелија. Тој победи минатата година на Петтиот шаховски турнир „Аурора 2025“ во Гевгелија. Годинава оствари 6 победи по Швајцарскиот систем каде се играа седум кола. Тој победи во шест.

Зад него се пласираа македонските шаховски репрезентативци Костадиновски Зоран (6 поени) и Селковски Жарко (5 поени) кои освоија Второ и Трето место, а четвртото му припадна на Атанасов Санде (5 поени).

Од гевгелиските учесници најдобар пласман имаше Лана Трајкова (15 годишна) која освои 4 поени и се пласираше на 10 место. Лазар Трајков го завзеде 13-то место, а Туранов Стамко 20-то место.
Турнирот годинава за прв пат беше рангиран и секоја победа влегува во бодовната листа на шахистите.
Освен гостите од странство македонските шахисти ги имаше од активните шаховски клубови при ЗС на Македонија: од Гевгелија, Неготино, Скопје, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Струмица.
Наградниот фонд за првите тројца најдобри шахисти ги обезбеди компанијата „ВОРИ“ од Гевгелија, а тие изнесуваа 8.000 за Првопласираниот, 6.000 и 4.000 за второ и трето пласираниот соодветно. Исто така, организаторот се погрижи во соработка со локалните компании да им испрати пригодни спомени од производите од Југот на Македонија во вид на подароци за секој учесник на Турнирот „АУРОРА“.

Се’ на се’ успешен спортски викенд и уште една успешна реализација на вредните, проактивни членови на СК „Аурора“ и Здружението на слепи од Гевгелија.




















