Српската музичка ѕвезда Гоца Тржан најави голем концерт во Стар Дојран, доаѓа оваа сабота на 29 август со својот концертен тим и најавува голема незаборавна забава за посетителите.
Концертот е бесплатен во организација на Општина Дојран и ќе се одржи на отворено, во Градскиот парк во Стар Дојран, во рамки на завршницата на овогодишното Дојранско културно лето.
Концертот ќе започне во 20:30 часот, а организаторите најавуваат вечер исполнета со познати хитови, музика и забава под отворено небо, покрај Дојранското Езеро.
Настапот на Гоца Тржан е замислен како големо финале на културната и забавната програма што во текот на летото се одржува во Дојран.
Градоначалникот на Општина Дојран, Илија Тентов, ги повика граѓаните и гостите да бидат дел од музичката вечер и заеднички да го испратат летото со песна и добра атмосфера.
Да резимираме – Концертот ќе се одржи на:
📅 29 август 2026 година
⏰ 20:30 часот
📍 Градски парк, Стар Дојран
🎟️ Влез: бесплатен
Празничниот продолжен викенд во Дојран ќе донесе многу гости, а саботниот концерт се очекува да го преполни Дојран и со музички љубители од Дојран и поширокиот регион.
Да го испратиме последниот викенд од август со музика, дружба и забава.



















