Атлетската стрела од Југот, младиот Антонио Каракабаков од Стојаково, богданско, денеска настапува на атлетските патеки во Брно-Чешка како претставник на Македонија со боите на својот тим АК „Аеродром“ Скопје.
Антонио ќе настапи во дисциплините 60 метри машки и скок во далечина, каде изминативе месеци покажа завидни резултати на Националните првенства во Македонија, а исто така стана и ДВОЕН ВИЦЕШАМПИОН на „Balkan Athletics Kids Games 2026“.
Европските атлетски игри за деца во Брно 2026 се одржуваат од 27 до 30 август и на истите учествуваат 4.300 деца, најдобрите пионери во атлетиката од Европа, родени од 2011-та до 2015-та..
Предизвикот е голем, но неговите тренери се уверливи:
– Првиот натпреварувачки ден за нашиот клуб и претставување на Македонија во Брно ќе има атлетската надеж на Македонија АНТОНИО КАРАКАБАКОВ! Не одиме да се прошетаме, одиме на направиме резултат со кој ќе се гордее цела држава!!! – истакнуваат од Атлетскиот клуб „Аеродром“.
– „EUROPEAN KIDS ATHLETICS GAMES 2026“ се тежок пат, но желбата е голема, пречките надминати, останува да ве израдуваме со резултатите. Утрово 7:00h, тргнавме кон стадионот за да отпочнат подготовките за натпреварувачкиот дел. Тимот подготвен!!!- уверуваат од АК „Аеродром“.

Заедно со Антонио, клубските и боите на Македонија ќе ги бранат Иван и Никола.

ДА ГИ БОДРИМЕ НАШИТЕ МОМЧИЊАААААА
🇲🇰🏆🇲🇰🏆🇲🇰🏆🇲🇰🏆🇲🇰🏆🇲🇰🏆🇲🇰🏆🇲🇰🏆🇲🇰

Антонио годинава освои подиуми на Национално, на Балканско ниво, треба да се потврди и на Европско дека е атлетски талент во подем.
Антонио Каракабаков – Двоен ВИЦЕШАМПИОН на “BALKAN ATHLETICS KIDS GAMES 2026”



















