Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. попладнево извести за состојбата со пожарите во државата и последните два активни, во Велес и Дојран.
Некаде околу 19 часот исвести дека пожарот во Дојран е ставен под контрола од ТППЕ Гевгелија со помош на ДППД Дојран.
Во моментот во Дојран и дојранско врне дожд. Се’ очекува дождот да му пресуди до крај на пожарот со целосно гаснење и ликвидација.
Денешниот пожар започна во 10 часот, а под контрола беше ставен околу 19 часот; што значи на температура од близу 50°C на терен, очи во очи со огнот, пожарникарите цели 9 часа, без застој, изведуваа активна борба со пожарот на непристапен терен. 🚒👨🚒 Благодариме!
Инаку, на терен беа присутни засилени екипи на ТППЕ Гевгелија со 7 пожарникари и едно противпожарно возило, ТППЕ Валандово со 2-ца пожарникари и 1 ПП возило, Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ од Дојран со 5 пожарникари и 2 ПП возила и Шумско стопанство „Кожуф“ Гевгелија со 8 вработени. Сите сили беа насочени да се стави огнот под контрола.
После 9 часовна интервенција на против пожарните сили, конечната ликвидација на огнот ја донесе дождот кој заврна околу 20 часот.
Насловно Фото: Панорама од Дојран и последниот чад зад викендиците



















