– „Да се биде првенец на генерацијата е голема чест и признание за вложениот труд, знаење и посветеност. Ова признание е резултат на упорност, одговорност и желба за постојано учење и напредок.
Ви честитаме за овој значаен успех и ви посакуваме многу нови достигнувања, самодоверба и среќа на патот кон остварување на вашите соништа. Вие сте гордост на нашето училиште и инспирација за идните генерации“ – со овие зборови од СОУ „Јосиф Јосифовски“ денеска беа прогласени и објавени првенците на генерацијата на гевгелиското средно општинско училиште.
Наградени ученици:
- Ѓорге Новаковски – првенец на генерацијата за гимназиско образование, генерација 2022–2026
- Јован Оџаков – првенец на генерацијата за стручно образование, генерација 2022–202
- Верица Марковска – признание за континуиран одличен успех и примерно поведение во текот на образованието, генерација 2022–2026
Учениците во текот на своето средно образование се истакнуваа со учество на општински, регионални и државни натпревари со освоени награди и достојно и вредно претставување на средното училиште во Гевгелија заради што ја добија довербата од Наставничкиот Совет на СОУ да ги прогласи за првенци на генерацијата која годинава матурираше.
Честитки и многу успеси понатаму!






















