Вчера, (04.05.2023 г.), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода А.Д.(44) и Ж.Д.(66), двајцата од с.Богородица, гевгелиско.
Во нивните домови, со судска наредба биле извршени претреси, при што биле пронајдени 530 парчиња оружје и муниција.
Во домот на А.Д. во с.Богородица биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, воздушна пушка, самострел, 99 патрони ловечка муниција, 272 боеви куршуми од различен калибар и два оптички нишани.
При претрес во домот на Ж.Д. во с.Богородица биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин, воздушна пушка, една цевка за ловечка пушка, 107 патрони ловечка муниција и 44 боеви куршуми од различен калибар.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а лицата од вчера (4.05.2023) се задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.