Членовите на Шаховски клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија денеска реализираа две победи во рамките на натпреварите за влез во Втора Лига на Македонскиот шах.
Првата победа ја постигнаа против екипата на „Дамин Гамбит “ од Скопје над кои гевгелиските шахисти остварија победа со резултат 5.5 наспроти 0.5 за ривалскиот тим.
До победата на гевгелисите шахисти ги однесоа овие 5 победи и едно реми:
1. Спасеновски -Атанасовски 0.5 : 0.5
2. Андонов – Арсов 1 : 0
3. Димов – Величковски 1 : 0
4. Најдески – Велковски 1 : 0
5. Танчев – Ангеловски 1 : 0
6. Дачев – Северџан 1 : 0
Попладнето шахистите од Гевгелија го имаа вториот екипен дуел од трето коло во кој што се сретнаа со екипата на „Анпасан“ од Крива Паланка. Настапот на нашите шахисти беше доминантен, повторно со 5 победи и една реми партија, а севкупниот екипен резултат беше 4.5 за Гевгеличани, наспроти 1.5 освоени бодови за тимот на Крива Паланка.
Поединечни резултати :
1. Спасеновски -Симонов 1 : 0
2. Андонов – Стевановски 1 : 0
3. Димов – Дејановски 1 : 0
4. Танчев – Алексовски 0.5 : 0.5
5. Кочев – Георгиевски 1 : 0
6. Дачев – Николовски 1 : 0
Важно е да се напомене дека по пауза од 23 години викендов сениорската екипа на гевгелискиот шаховски клуб го одигра првиот званичен натпревар,во рамките на квалификациите за пополнување на Втора лига. Натпреварите се одиграа во Хотел „Метропол“ во Скопје и на истиот учествуваа 16 екипи од државата.
Тимот на Гевгелискиот ШК брои 12 члена: Саво Спасеновски, .Тоше Андонов, .Благојче Најдески, Перо Димов, Слободан Дачев, Борче Танчев, Славчо Кочев, Коле Думаловски, Борис Јованџиков, Дуле Андонов, Илија Велков и Пепи Танчев.
Квалификациите ќе продолжат следниот викенд кога ќе се знаат двете екипи што ќе преминат во Втора лига.
Честитки за двете денешни победи и среќно до конечен влез во Втора Шаховска лига на РСМ.
Насловно фото: Победничко селфи – 12 члениот тим на ШК „7-ми Ноември“ кои учествуваа на квалификацините натправари за влез во Втора Лига