Актуелниот селектор и најдобар македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров синоќа на гала свеченост во Виена е примен во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација.
На свеченоста по повод 30. години од формирањето на ракометната Лига на шампиони, први членови на „Куќата на славните“ станаа 60 ракометни легенди од Стариот континет во машка и женска конкуренција, а меѓу нив и легендата на македонскиот ракомет.
Лазаров за македонската репрезентација одигра 236 натпревари на кои постигна 1.728 голови, и беше прогласуван за најдобар стрелец на Светското првенство 2009 и на Европското првенство 2012.
На клупски план освои 53 трофеи, вклучувајќи ја и тулата во Лигата на шампиони со Барселона во 2015 година.
На вечерашната свечена церемонија, Кире Лазаров беше заедно со претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.
Лазаров одбележа една голема ера во европскиот ракомет, уриваше рекорди со своите настапи, постигна над 1.000 голови во ракометната Лига на шампионите, па заслужи да се најде во самиот европски крем на великани, на позицијата десен бек.
Екс репрезентативецот на Макеоднија моментално работи како тренер во Алкалоид, клуб кој во изминатата сезона беше изненадување во Супер лигата и заврши на 2. позиција.