Вчера попладне полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци лишиле од слобода едно лице осомничен за кражба.
Приведувањето се случило на 15.07.2023 во 17:00 часот во Богданци, а лишен е од слобода С.П.(40) од Богданци.
Тој се сомничи дека во периодот од 08:00 до 14:30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и прашкаста материја и таблета.
Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.