петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Интервју со Д-р Киров – 20 години здравствена дејност во служба на граѓаните

Д-р спец.хирург Александар Киров од пред два месеци е директор на ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“, од пред три месеца е раководител на „Хирушкото одделение“ при болницата, а веќе 20 години обавува здравствена дејност во гевгелиската Болница

август 25, 2023
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА, ИНТЕРВЈУ
Интервју со Д-р Киров – 20 години здравствена дејност во служба на граѓаните
0
SHARES
5.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Доктор Александар Киров веќе два месеца е на кормилото на Јавната здравствена установа „Општа болница Гевгелија со проширена надлежност“, но поради зголемениот обем на работа, раководни и болнички обврски не стигнува да одговори на новинарската покана и интерес за разговор.

Успеавме да договориме термин во ноќните часови кога тој е на дежурство во Одделението за хирургија. Дури во текот на разговорот дознавме дека веќе 14 часа е на работа, а работниот ден ќе му заврши околу пладне утредента после 30 часови континуирано присуство на работа и одговарање на итните медицински повици од неговата стручност и менаџерските обврски како директор на ЈЗУ „Општа болница Гевгелија“.

Related posts

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

мај 7, 2025
Петмина пациенти од „Пулс“ на лекување во Белград се враќаат во Кочани

Петмина пациенти од „Пулс“ на лекување во Белград се враќаат во Кочани

април 23, 2025

GevgelijaNet: Докторе Киров, се случи Ваше именување за директор на најстарата и најголема јавна здравствена установа во Општината. За јавноста тоа беше ново, без вообичаените кулоарски нагодувања кои се’ се кандидати, или мераклии за оваа важна функција. Како се случи тоа? Имавте ли отсекогаш амбиции за ова па експресно ги реализиравте?

Д-р Александар Киров: Јас сум човек кој прифаќа предизвици. Не знам дали тоа ми е најголема врлина, или Мана.
Раководењеето на ЈЗУ „Општа болница Гевгелија“ го превзедов на 1 јуни по оставката на дотогашниот директор Митко Крџев. Во тој период јас бев претседател на Управниот одбор на Болницата и како највисокот раководно тело кое носи одлуки во интерес за функционирањето на Болницата, за да нема застој како претседател на УО донесените одлуки ги спороведувавме. Тоа траеше три недели и 20 јуни добив официјално Решение за именување на раководното место В.Д. Директор на ЈЗУ „Општа болница Гевгелија“.
Значи, за да нема застој во обавувањето на здравствената дејност во градот и општината јас ја превзедов одговорноста во интерес на сите граѓани кои очекуваат здравствена грижа од нашата установа и го прифатив раководното место на установата.

GevgelijaNet: Доаѓате на чело на установа во летните месеци кога започнуваат годишните одмори, а дејноста здравство веќе одамна е во дефицит со обучен стручен лекарски и медицински кадар. Како се справивте со тој предизвик? Имаше посочувања дека гевгелиската болница не може да одговори на потребите за здравствена грижа на посетителите за време на летната туристичка сезона во Дојран, поради недостаток на кадар, иако сте здравствено надлежни и за оваа Општина?

Д-р Киров: Токму решавањето на амбулантска грижа за летувалците во Дојран во соработка со Здравниот дом Валандово и Здравниот дом Струмица ги сметам за свој прв деловен потег реализиран со успех. Имаме активна амбулантска грижа за тамошните жители и летувалци во Стар Дојран од 8 до 20 часот и ИМП за секој повик после 20 часот. Тоа го овозможивме како Болница по моето стапување на позицијата директор на установата и успешната соработка со ЗД од Валандово и Струмица. Со тоа го решивме горливиот проблем за Амбуланта во Стар Дојран.

Како втор свој потег, исто така горлив во сферата на здавството е исплатата на додатоци на платата на вработените за повеќе одработените часови во текот на месецот. Како претседател на УО на Установата донесовме таква одлука за исплата успогласена со измените на Законот, некаде во април годинава, а како директор на Установата, еве веќе два месеца ја реализирам на дело исплатата за вработените во ОБ Гевгелија, за оние кои одработиле поголем број на работни часови од законски пропишаните во текот на месецот. Ова е важен сегмент во наградувањето на трудот на вработените во здравствената дејност и во Општа Болница Гевгелија.

Д-р Киров во својот кабинет ги проверува обврските преку систмот „Мој термин“

GevgelijaNet: Каква е моменталната кадровска екипираност на Болницата во Гевгелија? Постои ли дефицитарноста на медицински кадар како што важи за здравството во државата воопшто? Дали се специјалистички покриени сите здравствено-специјалнстички одделенија во Гевгелиската болница?

Д-р Киров: Во моментот Болницата бри 195 вработени. Пред неколку години, при спојувањето на Болницата со Здравиот дом во Гевглија бројот на вработените изнесуваше 265. Значи во моментот сме помалку за 70 лица. Ова е резултат на немањето новопримени веќе две години во Установата, но и природниот одлив на кадри по пат на пензионирање, или упкојување. За жал, имаме и напуштање на здравствена дејност од среден медицински персонал кој бара вработување во странство, но и селење од јавна во приватна здравствена дејност.

Специјалистичките кадри кои недостасуваат се во фаза на заокружување на специјалистичките студии на наши доктори од Болницата упатени на МФ и Клиниките во Скопје. Очекуваме наскоро да се пополнат местата со 5 нови специјалисти по инфективно, очен и ушен специјалист и 2-ца се на специјализација за анестезиолози.

За жал, нов отворен проблем претставува Одделението за гинекологија каде имаме еден гинеколог на породилно, еден замина во приватна дејност, а еден користи годишен одмор, со што во моментот во Одделението не се вршат пораѓања, туку само закажани прегледи.

GevgelijaNet: Министерството за здравство најави децентрализација на здравството која започнува од матичните лекари. Со новата политика на децентрализација во здравството се нуди можноста матичните лекари да препишуваат терапија за дел од хроничните болести. Колку е од корист тоа за Вас како Установа?

Д-р Киров: Секако е за поздравување оваа новина. Тоа значи растеретување од притисокот на закажување на пациентите за прием кај специјалистичките амбуланти во Одделенијата, а повеќе време за работа со болничките пациенти. Тоа е особено од корист за одделенијата со континуиран налив на пациенти, како интерното, хирургија, невролошкото одделение.. Се надеваме на растеретување на обемот на административна работа, за што треба во ‘од да биде синхронизиран системот помеѓу здравствените установи, матичните лекари и аптеките кои ги издаваат пропишаните медикаменти.

Ноќни прегледи во Одделение за хируршки болести во Општа болница Гевгелија

GevgelijaNet: Ве затекнавме на работа, каде за разговор со Вас моравме да чекаме да ги завршите закажаните прегледи. Иако Ве очекуваат уште 12 часови ноќно дежурство, а потоа дневниот работен ден како директор. Кои се’ обврски ги има директорот и д-р Киров во Болницата?

Д-р Киров: Работам 13 години како хирург во Општа Болница Гевгелија. Нашата работа значи одговорност. После секоја извршена операција над пациент ја следиме неговата состојба додека не излезе од болница. Работиме во Одделението тимски и секој доктор го превзема надгледувањето на пациентот и неговата состојба без разлика кој доктор го оперирал. Така функциониравме со д-р Костаќев, д-р Баламовски, д-р Паноров, д-р Лештов. Така продолжуваме да функционираме и со новите колеги.

Од 1-ви јуни годинава бев наименуван за раководител на Хируршкото одделение при Болницата, по заминувањето на д-р Паноров во пензија. Тоа беше доволен предизвик за мене, зошто најголемиот дел од работата во болницата потпаѓа во делот хирургија. Но, после оставката на д-р Крџев од функцијата директор, на 1 јули јас го превзедов раководењето со Болницата како претседател на Управен одбор на Установата, а од 20 јули и официјално наименуван за В.Д. директор. Така мојот работен ден од 8 часови работа, 24 дежурство прерасна во 30 часовен работен ден. Ја сакам работата, медицината, помагањето на болните и не можам да дозволам здравството во Гевгелија да стагнира или западне во некој вид нефункционелност. Затоа ја превзедов и одговорноста околу организацијата и раководењето со Болницата.

Д-р Александар Киров е роден 1977 година, учел основно училиште во ОУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, завршил Средно училиште во гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ „Природно-математичка насока“. Заминал на студии по медицина со Скопје и завршил Медицински факултет при Унивезитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2003 година. Се вработил како општ лекар во Општа Болница Гевгелија следната 2004 година. Заминува на специјалистички студии по хирургија во 2006 година, завршува 2011 и станува специјалист по „општа хирургија“. Од 2021 е на супспецијализација по „дигестивна хирургија“. Дваесет години обавува посветена здравствена дејност во Општа Болница Гевгелија.

Го завршуваме ноќниот разговор со д-р Киров, чувствувајќи дека му го крадеме времето наменето за добрина и здравје наменето за пациентите. И навистина така беше. На излегување, пред вратата од одделението чекаа петмина пациенти, кој во инвалидска количка, кој со завои, кој на нозе, но секој си ја знае тежината на својата мака. Ноќта веќе беше убаво се сместила во болничките ходници, навидум празна, ама сепак со некој паталец кој бара докторска интервенција.
Го оставивме доктор Киров со неговите пациенти кои веднаш ги прими во хируршката амбуланта. Вака ќе тера работно до разденување. Посе, и ќе лекува, и ќе носи одлуки, и ќе директорува.

Мирна болничка ноќ и здравје да најдат сите посетители на Општа Болница Гевгелија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Кривична пријава за Гевгеличанец

Next Post

Македонецот Гого – Светски шампион во бокс со голи раце

Next Post
Македонецот Гого – Светски шампион во бокс со голи раце

Македонецот Гого - Светски шампион во бокс со голи раце

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Драгиња Аврамчева избрана за нов јавен обвинител на ОЈО Гевгелија

Драгиња Аврамчева избрана за нов јавен обвинител на ОЈО Гевгелија

2 месеци ago
Oсветен и свечено отворен новиот инклузивен парк “Ице Бегов” во Гевгелија

Oсветен и свечено отворен новиот инклузивен парк “Ице Бегов” во Гевгелија

1 година ago
Огласен тендер за изградба на патот Гевгелија-Богданци

Огласен тендер за изградба на патот Гевгелија-Богданци

2 години ago
Со цвеќе и наклон одбележана 17 годишнината од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Со цвеќе и наклон одбележана 17 годишнината од хеликоптерската несреќа кај Блаце

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал
  • ЛИДЛ ВРАБОТУВА!
  • Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

мај 8, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist