Јован Насев има само 8 години и 5 месечен „стаж“ во настапите на АЕП „Академија ПАОК“ во Грција.
Денеска на покана на претседателот на ФК „ПАОК“ од Солун, Грција Јован учествуваше на тренинг на главната пионерска група на „ПАОК“ која настапува на меѓународни турнири во боите на овој клуб.
Како странец кој игра во грчки тим новите клубски деца сакајќи да го запознаат го прашале „Дали е од Англија“. Јован одговорил: „Од Македонија“.
Погледнете ја реакцијата на детето кога слушнал дека новиот играч во детската лига на ПАОК доаѓа од Македонија.
Ќе се сложите дека и ова е презентација дека фудбалски таленти се раѓаат и во Македонија, промовирање на фудбалските врлини на Јован од Гевгелија кој гордо кажува од каде е, од каде доаѓа. А, на теренот успеал да покаже и дека одлично се сложува со „бубамарата“ и е извонредно прецизен пред голот.
За 9 месеци откако потпиша за АЕП „Академија ПАОК“ Јован последниот месец е опсипан со понуди за трансфер во други клубови. Доби понуда од ФК „Арис“ од Атина, од „ПАОК“ Солун, од ФК „Партизан“ Белград. За време на вие 9 месеци Јован настапи на 10 турнири и на сите беше најдобар стрелец и најефикасен играч на теренот и понесе пехари за МВП. Затоа облетуваат понуди околу него.
Што и да одбере овој најмлад фудбалски талент од Гевгелија кој остварува меѓународна фудбалска кариера ќе треба да се донесе семејна одлука, зошто е дете и потребна му е семена поддршка за да го усогласи школувањето, тренирањето, развој на талентот, но и детскиот живот, надвор од Македонија, во странство.
Среќно Јоване!




















