Младата вокалистка од Богданци Марија Ичкова синоќа пееше заедно со Југословенската музичка легенда Дадо Топиќ, познатито хит „Принцеза“.
Хитот стар речиси 40 години Марија и Дадо го отпееја заедно во дует во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на концертот на мултиинструменталистот Кукиќ, насловен „YU FOR YOU“ пред преполна сала струмичани и љубители на Еx YU музиката
Оригиналната верзија на оваа песна ја изведуваат Дадо Топиќ и Слаѓана Милошевиќ, но еднакво уверливо, нежно и вокално убедливо ја изведува и нашето девојче од југот.
Марија Ичкова публиката на Балканот ја запозна од тален шоуто „Х фактор“ каде остана забележана со својот моќен глас и изведбата на „Whole Lotta Love“ од Led eppelin. Тогаш имаше само 15 години, а се случи во 2013 година. По изминати 10 години во друштво со музиката и музицирањето Марија прерасна во уште посамоуверен изведувач, па не и сметат ниту славата, ниту репутацијата на легендите со неа на сцената каде синоќа речиси го засени Топиќ.
Настапот на Марија беше во рамките на концертот на Иван Кукиќ, музичкиот наследник на Горан и Ленче Кукиќ, со носталгично име „YU FOR YOU“ посветено на југословенските незаборавни хитови, а симболично одржан на 29 ноември, Денот на републиката на СФРЈугославија.
Дадо Топиќ и Слаѓана Милошевиќ песната „Принцеза“ ја отпееја заедно во 1984 година на „Југовизија“ во Скопје и стапа хит на Југословенските простори, евергрин до ден денеска. Како звучеа заедно, погледнете и слушнете од видеото:
Сакате ли да чуете како звучеше Марија пред 10 години – исто моќно и самоуверено:
Марија ја продолжи музичката кариера со објавување на свој сингл, во 2019 година ја промовираше песната „Пак да те допирам“.