– „Многу и убави желби во Новата 1965 година“ – стои напишано на позадината од фотографската Новогодишна честитка.
Ова е оригиналната фото-честитка за Нова Година испорачана од семејстовот Велкови, брачниот пар Лена и Дуле од Гевгелија, познат како Дуле ќебапчијата, за испраќање убави желби за новата година, напишана во декември 1964 година од Гевгелија до своите пријатели.
Ќебапчијата беше познат лик, еснаф, чаршијски човек и популарен угостител во Гевгелија во втората половина од минатиот век. Туристичкиот подем во 70-80-те години од XX век со популарниот додаток за одмор, К-15 донесе многу гости во Гевгелија, па така посетителите од тогаш братската република Србија го викаа Дуле чебапчич
Ова е само еден убав фото спомен кој ја презентира преднoвогодишната култура на гевгеlичани да праќаат оригинални фото честитки до своите роднини, пријатели, познаници, комшии.
Така гевгеличани низ годините во минатото создаваа празнична атмосфера во Гевгелија
Фото -честитката е изработена од локален фотограф како најнов тренд на иновација на честитки за Нова Година, со зимски пејсаж од поднебјето на Гевгелија. Тогаш немаше Google пс се’ што ти треба од илустрација треба да го има фото мајсторот веќе фотографирано и сочувано на оригиналната филмска лента.