Дводецениското постоење на ансамблот „Бојмија“ има свои вредности. Традициналниот Новогодишен концерт што се одржа завчеера го исполнија со извонредни настапи на основната постава на анамблот и на ветераните кои не ги заборавиле македонските ора, китнестите движења, снажните скокови и зафати со кои ја почетсија гевгелиската публика.
Најновата кореографија „Свадба“ беше изведена и овој пат на задоволство на публиката, познатите македонски ора и „везените покрети“ на „Валашкото оро“. Се месеше баница, се клањаше невестата, се виеше оро моминско…
Се’ на се’ сценски настан на кој уживаа гевгеличани и не ги штедеа аплаузите, а ансамблот докажа дека сите домашни и меѓународни награди од гостувања на меѓународни фестивали се оправдани и заслужени.
Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија продолжува да биде чувар на македонскиот фолклор, следбеник на традициите на македонските ора и песни, расадник на нови генерации кои се менуваат на сцената со еднакви заслуги за зачувување на традициите на фолклорното културно наследство на Македонија и од областа Бојмија каде територијално припаѓа и Гевгелија.
Традиционалниот Новогодишен концерт се одржа на сцената на Народнот театар во Гевгелија.