Повторно највисокиот подиум за освоено ПРВО место резеривиран за атлетичарката од југот, Валентина Узунова која вчера на исклучително тешката трка „Водно-Матка“ треил истрча 45 километри и го освои првото место во својата категорија.
Валентина Узунова со време од 10 часа 03 минути и 39 секунди го освои ПРВОТО место во категоријата „Жени 55-59“.
Таа вели дека трасата била исклучително тешка. Се трчаше истата патека како за средната трка на 35 километри но останатите 10 километри од трасата поминуваа низ кањонот Матка, па многу од натпреварувачите се откажале, вели Валентина.
Од стартот до целта беше искачена висинска разлика од 2.800 метри надморска висина. Времето беше во неделата исклучително топло и го зголемуваше напорот на натпреварувачите.
Валентина настапи како претставник на Аткетскиот клуб „7ми Ноември“ од Гевгелија, а трката и својот резултат го посвети како и секогаш на болните од Пулмонална хипертензија.
Уште еден претставник од Гевгелија трчаше на патеката од 45 километри на 7та традиционална живописна и тешка трка „Водно-Матка треил“ Тоа беше Станислав Стоjменов од Гевгелија, член на ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија.
Станислав постигна време 08:20:36 и освоено 18-то место во категорија „Мажи 20-34“.
На годинашнава трка 7-ма по ред „Vоdno-Matka-treils“ беа пријавени околу 600 учесници. Најтешка беше трасата од 45 километри и исклучително тешкиот карпест дел кој поминува низ кањонот Матка. Тоа за некои беше доста екстремно и непопуларно за натпреварувачите решија да се откажат и ја напуштија трката пред време.
Валентина и Станислав ги истрошија сите свои атоми енергија, решителност и спортски порив и стасаа до целта.
Браво! Честитки за истрајноста!